Колку и да е непријатно тоа да се каже, а за луѓето од Запад тоа да се чуе, факт е дека независноста на Македонија Европа ја дочека, ако не непријателски, тоа секако мошне резервирано и недоверчиво, речиси убедена дека новата независна држава нема да успее да преживее. За да не помисли некој дека зборувам “напамет” или носен од негативни емоции и предрасуди спрема Европа, ова тврдење ќе го илустрирам со повеќе примери.
Но, првин едно прашање: на што се должи тој неверојатно одбивен став на Европа спрема новата независна држава на Балканот? Можеби на предрасудата на европјаните дека балканците се збир од диви, меѓусебно непријателски настроени племиња, што своите проблеми не умеат да ги решаваат на друг начин, освен со борба, со потоци крв и меѓусебни истребувања. “Гревот” на Македонија, изгледа, беше во тоа што таа, од самиот почеток на својата најнова историја не се вклопи во тој европски стереотип: Македонија се оддели од Југославија на начин што е повеќе скандинавски одошто балкански - без да биде истрелан еден единствен куршум. За жал, ова, што требаше да í донесе признанија и углед на новата независна држава, како да стана причина за нејзиното проклетство.
Европа едноставно не знаеше што да почне со државите што настанаа врз урнатините на Југолавија. Тогашната Европска заедница го призна овој факт со формирањето на својата арбитража (на чело со г. Бадентер, во чијшто состав беше и г. Херцог, Претседател на Уставниот суд, а подоцна и на СР Германија).
Знаеме какви беа одлуките на Арбитражата на г. Бадентер: од новонастанатите држави на почвата на поранешна Југославија само Словенија и Македонија целосно ги исполнуваа условите да бидат признаени како суверени држави.
Правно гледано, одлуките на арбитражата се задолжителни за оние што ја формирале. Во случајов - за Европската заедница. За жал, се случи тоа што се случи и Европа за прв пат го изневери своето сопствено почитување на правото и справедливоста: наместо Словенија и Македонија, беа признаени Словенија и Хрватска. Но не и Македонија! Со тоа и почна Голготата на Македонија, што трае до денешен ден. Благодарение на Европа!
Второ, дури и кога Европа се соочи со реалноста на Македонија, таа, поттикната од Грција, одново ги изневери принципите на правната држава и своето сопствено почитување на правото: таа го проблематизираше она што никој, никогаш и никаде не се обидел да го проблематизира - самото име на новата независна држава. Неспособна да излезе на крај со најлошиот балкански синдром (грчкиот!), Европската заедница им ја префрли топката на Обединетите Нации. Овие, од своја страна, ја примија Македонија во некој вид “условно” членство: без име и знаме (ФЅРОМ е референца што ја смислиле полуидиоти, исто толку бесмислена како кога некој би фатил САД да ги нарекува “бивша британска колонија” или Германија “бивша римска провинција”) и со обврска да преговара со Грција за “проблемот со името”.
За оние што имаат некакви познавања за меѓународното јавно право (а особено за преседаните на Меѓународниот суд на правдата) им е јасно како бел ден дека со ваквиот прием на Македонија во ООН е прекршена Повелбата на оваа организација: за прием во неа (според споменатите преседани на Меѓународниот суд на правдата) се релевантни само условите од чл. 4 од Повелбата. На ниедна држава-кандидат не смеат да í се поставуваат други, дополнителни (во чл. 4 непредвидени) услови. На Македонија, напротив, í беа поставени дури два додатни услови: едниот неморален (да прифати една карикатура од име - ФЅРОМ), другиот невозможен (да преговара за своето име со земја што í го негира правото на сопствено име од првиот ден на македонската независносот).
Трето, по наводното распуштање на УЧК на Косово, оваа терористичка организација (создадена, тренирана и потпомагана од НАТО, САД и ЕУ заради соборување на Слободан Милошевиќ во Србија) го префрли конфликтот во мирољубива и невооружена Македонија. Европската унија, за жал одново не застана на страната од жртвата (Македонија), туку на страната на исламските терористи. Се знае и зошто: НАТО, САД и Европската Унија имаат 40.000 војници на Косово. Ако застанеа овие сили на страната на Македонија ќе го предизвикаа револтот на Албанците, а со тоа ќе ги загрозеа животите на своите сопствени војници на Косово. Така дојде до тоа, првобитната квалификација на исламските терористи во Македонија, што лордот Робертсон ги нарече “убијци и разбојници”, преку ноќ да се смени во “вооружени групи”. Небаре се работеше за ловци на лисици.
Понатаму, во настојување да им се помогне на Албанците (заради безбедноста на евро-американските трупи на Косово), Македонија беше присилена да преговара со исламските терористи и нивните политички помагачи. Притисокот и уцените од страна на НАТО, САД и Европската Унија беа, просто речено, бесрамни: Македонците беа натерани да прифатат уставни промени какви што нема (ниту може да има) никаде на светот. Наместо да доведат до јакнење на граѓанскиот концепт на државата, тие воспоставија некаков племенски концепт: за цела низа прашања од витален интерес за земјата, наместо просто или квалификувано мнозинство при нивното изгласување во Парламентот, беше поставен додатен услов: да гласаат 50% од пратениците на заедницата на Албанците. Ако е тоа граѓански концепт на Уставот, јас сум секако св. Ѓорѓи!
Најтажната работа во целата оваа приказна е поразот на принципите на правната држава што го претрпе Европа. Во првиот член од изнудениот охридски договор е предвиден принципот дека се исклучува сила при решавањето на социјалните или било какви други проблеми на земјата. Притоа се заборави (или се фингираше дека се заборавило) оти токму таа охридска спогодба (наречена Рамковен договор), е изнудена со груба сила од најдолен вид од страна на исламските терористи.
Како професор по кривично право би ве потсетил на пар инкриминации од македонскиот (како и од германскиот, впрочем) Кривичен законик. Во обата кривични законици се вели “Тој што со сила или сериозна закана со сила ќе се обиде да го смени уставното уредување на државата” врши кривично дело велепредавство. Тоа е едно од најтешките злосторства во Германија и Македонија. Регулативава ја направивме според германскиот образец. Доколку ова злосторство имало за последица смрт на едно или повеќе лица, злосторникот го очекува казна доживотен затвор.
Ова, меѓутоа, не е крај на европското бессрамие: на Македонија не само што не í се дозволи да се брани од албанските исламски терористи, туку, како услов да добие помош за санирање на штетите што í беа нанесени, од неа беше изнудено да донесе закон за целосна амнестија на албанските исламски терористи (независно од тоа дали се македонски државјани, муџахедини, косовари или босанци). Ќе биде вистински проблем ако Осма Бен Ладен (кој, како што се тврди и самиот имал некаков удел во настаните во Македонија) добие политички азил од Македонија. Тогаш ќе видиме дали навистина само американските непријатели се терористи или се такви и непријателите на Македонија.
Последица од варварско дивеење на албанските терористи е егзил на повеќе од 20.000 Македонци од нивните домови (“внатрешен егзил”, зашто тие се алиланти во својата сопствена земја). Тие луѓе ни ден денес не може да се вратат во своите домови. Една друга последица е загубата на Македонија на 60 бранители на македонскиот уставен поредок. Во конфликтот беа извршени неброени кражби, силувања, киднапирања (што ќе рече: витински методи во борбата за човекови права) и што ли уште не. Сепак, никој од “убијците и разбојниците” на лордот Робертсон нема да мора да застане пред лицето на правдата во Македонија. Напротив, деновиве слушаме за барања на овие “убијци и разбојници” да бидат вклучени во безбедносните сили на земјата (!?). Не се сомневам дека Европа ќе ја присили Македонија и на тоа. Европа - и сî е можно! Зашто, ако не ги следиме нејзините “совети”, Европа í се заканува на Македонија да ги обвини бранителите на уставниот поредок на Македонија пред Хашкиот трибунал како воени злосторници (!?).
Тоа е судбината на Македонија соочена со европското бессрамие. Не е чудо што Македонците ја нарекуваат Европа како “Вавилонска блудница”.
За да може да го разберете ова именување, ќе ви раскажам една приказна: 1903 година македонскиот народ се крена на востание прот Турците. Европа не мрдна со малиот прст да им помогне на своите христијански браќа во невола. Востанието беше задушено во крв. Тогаш настана една македонска народна песна што Европа ја означува како “Вавилонска блудница”. Како што може да видите состојбата не се изменила до ден денес. Некои други “Турци ја” ја пустошат денес Македонија, а Европа не í помага на жртвата. Напротив, таа ги помага “убијците и разбојниците” на лордот Робертсон.
Оттаму имам впечаток дека македонскиот човек се срами што е европски народ. Тој живее во уверување дека Европа сака да не сотре - како држава и како народ. Последново особено го гледаме во бесрамниот начин на кон средствата за јавно информирање известуваат за настаните во Македонија. Таму, од првиот до последниот весник, од првата до последната радио-станица од првата до последната ТВ-станица се зборува само и единствено за борбата на Албанците за своите загрозени права. Притоа мнозинскиот народ, Македонците, се нарекуваат безлично “Словени”. Толку за љубовта на Европа за Македонците!
Се разбира, на Македонецот му е познато “каде лежи зајакот”. Албанците располагаат со огромски финансиски средства, стекнати (тоа не е тајна) со трговијата со дрога во Европа. Но, и неколку други мошне валкани (а профитабилни) трговии: со оружје, со луѓе (жени и уште неродени деца). Ние може да разбереме дека Албанците имаат доволно пари за да ги платат медиумите за да пишуваат како што тие сакаат, а не како што е вистината. (Питоа мислам, и не само јас, и на западните политичари.) Македонците немаат пари за тоа. Тие немаат пари ни за поважни работи. Но, Македонците ја имаат вистината на своја страна. А таа не може да се сокрие. Еден ден или друг, Европа ќе види што значи албанската мафија. Се плашам, меѓутоа, дека тогаш ќе биде доцна. Дотогаш Албанците ќе го подјадат најздравото во европските нации: нивната младина, нивната иднина. Господ нека í е на помош тогаш на Европа!
А сега, дами и господа, ви стојам на располагање за Вашите прашања и појаснувања.
Ѓорѓи Марјановиќ
АНТРФИЛЕ: Текстов е излагање пред германската публика во Улм (СР Германија) што авторот го одржа на покана од Македонскиот клуб во овој град на 23 март 2002. Го донесуваме без какви и да е скратувања.
No comments:
Post a Comment