ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР - МРТВА БУКВА НА ХАРТИЈА

Може слободно да претпоставам дека има и моја вина што во оваа земја на времето беше укината смртната казна: Лигата за демократијата оваа цел си ја беше поставила уште во својата партиска програма од 1989 година. Оттаму, сега пак ќе има и моја “вина” што со Предлогот за донесување на Кривичниот законик во македонското казнено право се внесува проблематичниот “доживотен затвор”: на истото место во споменатата партиска програма се предлагаше доживотен затвор како замена за смртната казна!
Човек комушто вака “промптно” му се исполнуваат криминално-политичките замисли, би морал да биде задоволен од ваков еден развиток. Јас сепак не сум. Денес ми се чини дека е подобро решението од важечкиот кривичен закон: нема смртна казна, но ни доживотна робија! Максимумот на казната затвор (повеќе би сакал оваа казна да се вика “лишување од слобода”, по примерот на некои европски законодавства што редовно нн служат како образец: германското, на пример) е петнаесет години, а сосема исклучително, за дела што паѓаат в очи по својата тежина (како атентатот врз шефот на државата), останува казната од рамно дваесет години затвор.
Има многу луѓе што лаички мислат дека ова не е в ред, дека укинувањето на смртната казна е избрзано решение, несоодветно на нашите примитивни mazedonische Zustande. Во печатот, на радиото и другите електронски медиуми, полека но сигурно (и не сосема дискретно), се промовира идејата за враќање на старата добра смртна казна како единствено соодветен одговор на приливот од тежок криминал што во овие тешки времиња ја заплискува нашата беспомошна држава. Ништо подалеку од вистината и од потребите на земјата!
Луѓето што професионално се занимаваат со криминалот и со неговата контрола сосема добро знаат дека строгоста на казната нема никаква врска со масовноста на една криминална појава. Само еден пример: пред 1961 оној што некого ќе го загрозел со смртоносно оружје во САД можел да добие 1-10 години робија. 1966 законодавецот ја поостри казната за напади врз полицајци и таа сега изнесува од 5 години до доживотна робија. Резултат: само во Лос Анѓелес, бројот на нападите врз полицајци се зголемил од 8,4 на 15,8 на 100 души (пораст од 90%). Испаѓа дека најдобар начин за заштита на животите на чуварите на редот е - ублажување, а не поострување на предвидените казни (!?).
Она што потенцијалните криминалци ги одвраќа од извршувањето казниви дела не е строгоста на казните предвидени во законите, туку веројатноста дека сигурно ќе бидат откриени и казнети. Оттаму и зачудувачката појава, во некои добро уредени правни држави (како скандинавските, на пример), и за најтешки кривични дела да се изрекуваат парични казни, а не лишувања од слобода или (не дај Боже!) смртни казни. Проблемот е во тоа што Македонија е далеку од идеалот на добро уредена држава, а власта не ретко повеќе е заинтересирана за прикривање на извршителите и инспираторите на криминалните дела одошто за нивното казнување (славниот Хард Роцк цасе, на пример).

Затоа, може да напишам и да се потпишам под тоа, дека планираниот доживотен затвор ќе остане “мртва буква на хартија” во нашето идно кривично право. Просто-напросто затоа што денес не постои цивилизирана земја во која осудените на доживотна робија остануваат до крајот на животот во затворот: преку помилување, условен отпуст и сл. казненоправни инструменти таа редовно се “скратува” и се претвора во временска казна. Обратното не е ни пожелно! По десетина години поминати в затвор, човек престанува да биде човек во полната смисла на зборот и се претвора во затворско суштество што на слобода се чувствува мошне неудобно. Толку неудобно што во екстремни случаи или прави ново дело за да се врати во затворот (како Тото во оној надреалистички филм на де Сика, ако не ме лаже сеќавањето) или се самоубива (како во “Бегството од Шошенк”). А ни едното ни другото не може да нн биде ниту идеал ниту пак цел. Затоа, да учиме од подобрите од нас. Од Скандинавците, на пример, наместо од Америте...

ДНЕВНИК (I,1,11)

1 comment:

Unknown said...

Здраво
Ова е за да ја информира јавноста дека Римокатоличката христијанска организација отворила финансиска можност да им помогне на луѓето кои имаат потреба од помош, како што е финансиската помош. Значи, ако се соочувате со финансиски потешкотии или сте во финансиски проблеми и ви се потребни средства за да започнете сопствен бизнис, или ќе морате да ги отплаќате сметките со долг и краткорочен рок по ваш избор со ниска каматна стапка 2% по поништување за поединци и компании. Сакајте ни се денес контактирајте со e-mail адреса: (romancatholic19@gmail.com) Библијата вели (Лука 11:10) За секој што бара, добива; оној кој бара наоѓа; и на оној што чука, вратата ќе биде отворена. Затоа, не ја пропуштајте оваа можност бидејќи Исус е ист вчера, денес и засекогаш. Ве молиме ова е за сериозни намери и Бог кој се плаши од луѓето. Добиваме искрени честитки од римокатоличката христијанска организација, Контакт со нас денес преку оваа е-пошта: (romancatholic19@gmail.com)