АНГЕЛ НА МИРОТ
На прашањето од репортерите на ДНЕВНИК дали добиените 225.000 гласа од неговиот електорат ги чувствува како сатисфакција или како хипотека, лидерот на PDSh (и голем познавач на македонските кафеани и на јазикот што се користи во нив) ќе одговори оти “некој ќе рече дека Македонија е заложник на PDSh или, конкретно, на еден ѓаволски феномен што носи презиме Џафери”, додека овој софистициран џентлмен го мисли спротивното: Македонија е под закрилата на еден ангелски феномен што носи име Св. Арбен Мироносецот. Така, безочно крадените гласови (па, според тоа, и не сосема неважни, зашто се доказ за криминална дејност, предвидена и казнива според КЗ), со неговата позната алхемија на создавање виртуелна реалност, со еден единствен одговор во саботното интервју, се претвораат во “гарант на мирот”. Притоа, лидерот на PDSh овие гласови ги означува како”гласови на PDSh”, што е фројдовски мотивирано признание дека нив не ги дале избирачите, туку ги продуцирал Ангелот Мироносец односно неговата полулегална партија. Притоа, Мироносецот веднаш се повикува на “меѓународната демократска јавност”, што, инаку, е осведочен “гарант на мирот” на овие простори. Така, и без да сака, и без да забележи, Св. Арбен го затвора кругот: “меѓународната демократска јавност” - рамно на “гарант на мирот”; крадените гласови на PDSh - рамно на “гарант на мирот”. Според еден математички аксиом: две големини еднакви на трета, еднакви се и меѓу себе. Поинаку речено: “меѓународната демократска јавност” - рамно на изборна кражба. Така беше во 1994 (“меѓународната демократска јавност” тогашните избори го оквалификува како слободни и фер, иако сите знаеја дека се крадени), така е и во 1999 година. Зошто тогаш арбитрираше во полза на оние, а сега - на овие? Не знам! Можеби затоа што “овие” се попослушни од оние. Ѓавол ќе го знае! И не знам зошто, деновиве, кога Мироносецот Џафери, поради судски докажаниот изборен фалсификат, е везден медиумска ѕвезда, се сетив на една епизода што за овој човек ми ја раскажа г. Глигоров, поранешниот Претседател на Република Македонија.
Беше тоа во деновите по изгласувањето на фамозниот закон за амнестија на не знам колку затвореници, што нашата (тогаш сложна) владејачка коалиција го донесе за да ги извади од Идризово гг. Османи и Демири, а Претседателот одолговлекуваше со неговото потпишување. Еден ден (по телефон) ме покани да поразговараме. Сакаше да чуе што мисли еден професор по кривично право за настанатиот проблем. Мислев дека ме кани само мене, а тоа ти било цел еден мал колегиум. Втасав, се разбира, последен: додека ми испратија кола, додека дојде до мене, додека ме однесе до Собранието (до населбата Ченто и назад има добри дваесетина километри)! Едно влегување, го забележав г. Стефан Павлески, поранешниот Републички јавен обвинител (кој, инаку, без некоја посебна причина ми е многу драг) и фатив, уште од вратата, поздравувајќи се со Претседателот, да се шегувам на негова сметка посочувајќи го како виновник за донесувањето на законот: требаше да го затвори главниот виновник (Џафери) и да му овозможи на Претседателот со мирна совест да ги помилува гг. Османи и Демири, како повеќе или помалу послушни извршители на неговата злосторничка волја. Така, збор по збор, се разврза разговор во кој г. Глигоров ни ја раскажа споменатата епизода: по затворањето на двајцата градоначалници кај него дошол на разговор именуваниот Џафери и три часа го убедувал во потребата затворениците да ги помилува. Ако го занемариме тоа дека разговорот траел “три часа”, што е стилистичко претерување на раскажувачот, кому разговорот очигледно му се видел предолг, од расказот посебно ми се врежаа во сеќавање аргументите на убедувачот: накусо, додека Османи и Демири се в затвор, тие се маченици, а јас (Џафери) предавник; прво што ќе сторат кога ќе излезат оттаму е да ме уништат, да ме исфрлат од партијата итн. итн. И, поради сето тоа (за да го спаси него!?) Претседателот морал да ги помилува. Оваа подробност толку ми го окупираше вниманието, што одвај го слушнав крајот од прикаската. И туку фати да ми мота по главата она што, на времето, го бев напишал (или рекол, не се сеќавам добро) за тој Џафери: дека не би се изненадил премногу ако еден ден се дознае оти бил на платниот список на нашата неуништива УДБА. И навистина, што му е гајле на Претседателот на републиката кој ќе биде на чело на PDSh (Џафери, Османи, Демири или некој четврт), ако тој човек нема некакви посебни задолженија, ако не им прави некакви посебни услуги на оние Таму, Кај Што Треба? Ваквото “тричасовно” давење можел да си го дозволи само човек што со нешто (со што?) го задолжил Претседателот на републиката (кој, пак, ако се сеќавате, јуношите од СДСМ го есапеа за своја најголема инвестиција). Така, должник на Џафери не беше само најголемата инвестиција, туку очигледно и инвеститорот (сосе својата Државна безбедност)!
Сега, по неинтелигентниот изборен фалсификат, работите започнуваат додатно да се усложнуваат. Јас немам симпатии за Св. Арбен Мироносецот, но тоа не значи дека не ја ценам неговата памет. Таа е несомнена, како што е несомнена и неговата штетност за “македонцките работи”. И сега, се поставува прашањето: како можеше еден интелигентен човек да инспирира еден волку неинтелигентен фалсификат? Како можеше еден интелигентен човек да не помисли дека фалсификатот (што го проѕира и човек кој учел само најелементарна математика) нема да им биде јасен како бел ден на судиите на Врховниот суд на Македонија. Како можеше еден интелигентен човек да не помисли на тоа дека судиите што ќе решаваат по тужбите, беа, сите по ред, избрани од страна на СДСМ, па можеби - токму затоа, и потсвесно - ќе имаат мотив посебно ригорозно да се држат за законот?!
И тогаш, на човека и не сакајќи му идат на ум зборовите на Полониј (од Хамлет): има некаков систем во тоа лудило! Интелигентен човек може да направи вакви “ превиди” ако знае дека резултатот од неговата “помош” ќе биде токму обратен од она што навидум го прави: ако сака да му наштети на кандидатот што ѓоамити го помага (а со тоа, се разбира, и на кандидатовата партија)! Гледајќи колку наивно, колку игнорантски владејат вчерашните победници, јасно е дека PDSh можеше да биде (и мене ми се чини дека е!) Тројанскиот коњ што ќе им овозможи на Данајците (СДСМ) повторно да ја освојат власта.
Ако има некаква можност ова што го велам да биде вистина, време е г. Џафери да му се приклучи на своето семејство во странство. Зашто, ако неговите соплеменици му ги фатат врчките, подобро е да им се истави од дофатот: нивната казна ќе биде многу, многу понемилосрдна од онаа што јас упорно ја барам за него и за неговите дела. А ќе ја барам и по изборниот фалсификат, и тоа пак по логиката на теоријата за соучесништво: ако избирачките одбори во сите места контролирани од PDSh постапиле така како што постапиле, тогаш секако постапувале по нечии директиви. А нам не ни треба нова прес-конференција за да дознаеме кој дава директиви во PDSh.
Ѓорѓи Марјановиќ
САЛОНСКА ПРОСТИТУТКА
Иако на некои мои “обожаватели” тоа веројатно нема да им се допадне, не еднаш сум зборувал и за себе во смисла на онаа народната дека “на будалите отпосле им текнува”. Јас, на пример, никогаш не сум изјавил (како што направија некои водачи на македонските партии, што како габи по дожд се појавија во деведесеттите) дека во Сојузот на комунистите на Македонија (СКМ) сум влегол затоа што сум морал, затоа што такво било времето. Не! Татко ми (Бог да го прости!) загина на страната од “црвените” и тоа (по принципот на идентификација) во основата го определи и мојот политички избор. Згора на тоа, искрено верував во идејата за еднаквост на луѓето, што комунизмот додатно ми го направи мошне пожелен социјален проект. Тоа го мислев и сî уште го мислам. Друго е прашањето за неговата остварливост. Требаше да ми се случи 1983, мојот реферат на советувањето на југословенското здружение за кривично право и криминологија, партиско-полициската хајка што “свесните сили” (предводени од некои денешни алтернативни демократи), за мене конечно да ми светне дека сум туѓо тело во тој СКМ. Одненадеж се видов себеси опколен со малограѓански користољупци, на кои сî им беше поважно од изградбата на справедливо општество на еднакви луѓе. Затоа, себеси никогаш не сум се сметал за “дисидент”, а искрено ми пречело кога други ме прогласувале за таков. Еднаш, кога ме интервјуираше во својство на лидер на Лигата за демократија, еден новинар малициозно ме потсети: “И бие бевте комунист!”. “Зошто зборувате во минато време (одвратив), сите што ме познаваат знаат дека бев и останувам пасиониран љубител на научната фантастика!”. Новинарот веќе не го спомна моето комунистичко минато. А и да сакаше, немаше што да праша: освен што бев негов член, со тој сојуз немав ништо заедничко. И тој (сојузот) тоа добро го знаеше: за четврт век во него никогаш не вршев никаква барем малу поистакната функција. Значи, не бев во “номенклатурата”.
Сега дојдоа некои други времиња: слобода, демократија, па секој може да зборува што сака. Особено, ако луѓето пред кои тоа го прави не знаат ништо за неговото “светло минато”. Така, деновиве читам во весниците, мојот стар школски другар и некогашен пријател, министерот за култура д-р Димитар Димитров, пред бугарската јавност се претставува себеси како страдалник на комунизмот. Прва мисла што ми се врза за она што го читав беше нешто што тој самиот во една пригода ми го кажа: кога во седумдесеттите години идејно го “диференцирале”, тој (верувале или не!) извршувал ни повеќе ни помалу туку 14 (со букви: четиринаесет) релативно значајни функции во македонска идеологија и култура. Бил, значи, мошне високо рангиран член на македонската (како што самиот вели) “тоталитаристичка” номенклатура. Денес, кога пред бугарската јавност го претставуваат како наш “најтврд диседент, чии ставови излегуваат на виделина дури сега, кога се уриваат бариерите меѓу македонската и бугарската култура”, прво што ми паѓа на памет е дека некој прави ужасна збрка со оваа синтагма, па намерно или несвесно под “уривање на бариерите” подразбира слобода за македонските изроди (какви што имало отсекогаш и од кои, патем речено, македонскиот народ најмногу и страдал) да се борат за својот идеал - да бидат бугарски измеќари! Меѓу мене и бугарскиот народ таков ѕид никогаш немало. Додека односите на некогашна Југославија и Бугарија беа на најниско можно ниво, јас долги години се допишував со една момичка од Софија (Красимира Михајлова, ул. Иван Вазов бр. 27). Јас í пишував на македонски, таа мене на бугарски. Ми испраќаше книги што и ден денес ги чувам како реликвија. На првата страница од ПОД ИГОТО на Иван Вазов ми напишала: “На Георги за Нова година - Красимира (1.1.1957)”, додека на истото место од збирката СТИХОТВОРЕНИЈА на Димчо Дебелјанов со убав краснопис стои: “За спомен на Ѓоко от б’лгарската му пријателка Красимира (30.11.57)”, а како сведоштво за своите пријателски чувства додала стих од авторот “...Светлија спомен за теб е кат книга лјубима, деноношно пред мен е разотворена тја...”
Сî ми се чини дека, ако мојот некогашен пријател, министерот д-р Димитров, не се дружел со Бугарите за време на “великосрпската комунистичка идеологија”, кога омразата кон Бугарија била услов за професионална и социјална промоција, а “катранот на омразата” се преточувал во научните и уметничките “пискарање” и во соодветните кариери, тој (како и секогаш, впрочем) водел сметка токму за својата професионална и социјална промоција што ќе го доведе до оние фамозни 14 функции. Кога сме веќе кај “пискарањата”, јас, да речеме, никогаш не сум помислил, а камоли кажал дека Венко Марковски е “салонска проститутка”, а д-р Димитров тоа не само што го помислил, туку и го напишал во својата книга “Македонски работи” (Скопје, 1991, стр. 35). Можеби, затоа, неговата дополнителна памет и доцна разбудена бугарска свест ќе го натераат да фрли онолкави пари за проектот “Македонски фауст”, со кој залудо се обидува да измоли прошка за гревот спрема Венко.
Од Софија ни пристигна известување и за најстрашното злодело на македонскиот “тоталитаризам”, што д-р Димитров го натерал во бегство од својот род - во дебугаризација! Господи! Да видиш, да не веруваш! Тоа го вели новоосвестениот Бугарин (1999), кој само осум години порано (во истите МАКЕДОНСКИ РАБОТИ, стр. 91, заб. 43) ги прекорува Венко Марковски и покојниот Димитар Митрев затоа што велеле “мироглед” наместо “поглед на свет”, “искуство” – наместо: “уметност”, “художник” – наместо: “уметник”, што се должело на нивното школување во Бугарија! Поинаку речено, да се школувале во Белград немало да употребуваат вакви грдомазни бугаризми. Може ли некој да ми помогне да разберам кој го градеше ѕидот меѓу Бугарите и Македонците. Сî ми се чини дека д-р Димитров има малу поголем удел во тоа од омразените србокомунисти. Само, пусти мазохизам на самозаборавот! Арно ама, книгите на докторов сведочат за сето она што тој настојува да се заборави.
И конечно (иако не најмалу важно!), на софиската промоција, нашиот министер, д-р Димитров, демонстративно одбива преведувач (во духот на доктрината дека е нонсенс преведување од бугарски на бугарски). Притоа, не е јасно зошто воошто дозволил книгата да му се преведе на бугарски. Ако не ни треба преведувач кога зборуваме, уште помалу би требало да ни треба кога читаме. А и - што ќе им е преводот на тој национално просветителски трактат на Бугарите кога тие, според др Димитров, од неговата книга тешко дека ќе научат нешто ново за нашите заеднички предци, за кои најверојатно знаат повеќе од нас Македонците. А токму тука е неговата најголема грешка (Несвесна? Не верувам: Димитар може да сî обвини за сî, само не за глупост. Тој е умен човек.): претците ни се навистина заеднички, но заткарпатски, старословенски, а не бугарски (како што претендира бугарската мегаломанштина). Притоа, Бугарите имаат нешто што ние Македонците го немаме – по некој татарски ген!

ДЕН КОГА УМРЕ СРАМОТ
Се чувствувам ужасно понижен од неделните избори. Оние што ме читаат веројатно ќе се сетат дека ние, од Лигата за демократија, немавме свој фаворит. Лично, многу ме интересираше изборите да успеат и да минат в ред. Воден од тоа љубопитство релативно рано (околу 14 часот) отидов да гласам. За оние што не знаат, живеам во Ченто, а гласаме во Основното училиште “Крсте Мисирков”. Атмосферата, најскромно речено, шведска! Населбата е доста пространа, па многумина доаѓаат со коли. Паркирањето, одењето до избирачките места (уште на самиот влез означени со бројки и стрелки), легитимирањето, добивањето печати врз избирачките легитимации + гласачко ливче, сето тоа се одвива речиси безшумно, со нагласена свест за значењето на изборот. Ми беше убаво околу срцето: ете, во една скромна, претежно работничка населба, европска атмосфера на култура и цивилизација. На излегување само прашав како е со одзивот. Љубезно ми одговорија. Ги поздравив контролорите. Тие отпоздравија.
И дома првин гледавме вакви слики од сите страни на македонската земја. Набргу, меѓутоа, фатија да се редат и други глетки: не знам која скопска ТВ куќа првин покажа гласачко место (снимено во 9 часот!) во едно село на најбројната малцинска група - во проѕирната кутија можеа да се избројат пет ливчиња. Во исто време, во едно друго (етнички слично) село изборите веќе завршиле (!?). Подоцна, од разни страни, населени со истиов етнос, доаѓаа сî понемили сцени: прикажуваа огорчени луѓе буквално поништени како гласачи - кога дошле да гласаат, некој пред нив, веќе им ја свршил работата (!?).
Во доцните вечерни часови од изборниот ден ги видовме резултатите од демократијата à la PDSh! Да не разбирав за што се работи срцето ќе ми препукнеше од милина: најправоверни муслимани (уште пред да го наранат добитокот) избезумено трчаат на избирачките места за да гласаат за стаситиот христијански проповедник. Да виду, да не верују! Уште малу да помислам дека PDSh ќе успее и да ги врати Албанците во нивната стара (христијанска) вера! Шегата на страна, фактот што сета наша изборна европштина беше поништена на ваков (да не речам каков) начин до коски ме понижи. Изборни измами има на сите страни од светот. Ги имаше и кај нас. Но, кога владејачката партија на мнозинскиот народ ќе дозволи една екстремна сепаратистичка групација да í ги реди работите во куќата, тоа веќе не мириса добро. Дури и нешто повеќе: почнува да смрди на пцовисано! Тоа во куќата на ВМРО умре срамот!
На вечерната прес-конференција во штабот на СДСМ не знам колку пати огорчено го повторија фактот дека на PDSh í успеало да му собере на безгрешниот отец Борис повеќе гласачки ливчиња одошто нејзините (и противничките) гласачи им го дале на своите соплеменици, гг. Неџипи и Халили заедно. Аферим, бре Арбене! СДСМ-овците беа страшно револтирани. Не верувам дека притоа некому од нив му се врати филмот и се сети што правеа и самите пред работите да дојдат на ова дереџе. Да потсетам со ред (пред десет години, на Свети Рангел, на 21 ноември 1989, беше напишана политичката платформа на Лигата за демократија и почна нејзиното основање, па ова редење намерно го правам од нејзина гледна точка)!
Пред првите парламентарни избори, како лидер на Лигата за демократија, сторив сî што можев за да го убедам тогашното нивно водство дека на Македонија повеќе í одговара пропорционалниот одошто мнозинскиот модел. Само, кој ќе ти слуша некаковси професор и ѓоа-лидер на една минијатурна, штотуку испилена партија, каква што беше Лигата за демократија. Се определија за мнозинскиот и резултатот е познат: СКМ/ПДП доживеа катастрофален пораз! Истава песна (само сега не лично, туку преку една колумна во ДНЕВНИК) му ја “отпеав” и на новиот лидер на СДСМ. Пак истиот игнорантски однос спрема мислењето на Лигата (што во меѓувреме стана уште поминијатурна од порано). Новиот лидер подоцна јавно призна дека направил “погрешна проценка”, а резултатот е познат: неговата партија се најде во магарешките клупи на опозицијата.
Сега нешто за “албанското прашање”! Како лидер на малечката (но елитна, нели?) Лига за демократија фатив пена на устата потсетувајќи, првин, на тоа дека PDSh никогаш не постапи според барањето на Уставниот суд на Македонија за измена на своите програмски заложби и затоа е практично полулегална организација. СДСМ, што ја имаше власта во свои раце, во ниеден момент не најде за потребно барем да се обѕрне врз ова мошне релевантно укажување на малечката (та затоа и беззначајна, нели?) Лига за демократија. Во исто време (и пак во истото својство) фатив пена на устата повторувајќи дека Арбен Џафери треба да се стави зад решетки по многу основи од Кривичниот законик: не еднаш, на пример, си играше дрн-дупка со земјата со чиј пасош патува наоколу подбивајќи се со нејзиното име и нарекувајќи ја “Поранешната југословенска република” (кривично дело повреда на угледот на Република Македонија од чл. 178 КЗ), а нејзиниот мнозински народ “Славомакедонци”, со што на овие им ја креваше утробата (предизвикување национална омраза од чл. 319 ст.1 КЗ), додека на една прес-конференција по гостиварските настани самиот, без некој да го тера, изјави дека гг. Османи и Демири работеле по негови директиви (поттикнување на кривичните дела за кои беа осудени градоначалниците на Гостивар и Тетово). СДСМ ја имаше власта во свои раце, а со прст не мрдна да се почитува кривичниот закон. Кој да ја слуша малечката, свилена Лига за демократија? И зошто, кога ним им беше добро? Сега, кога Џафери им го спакува претседателскиот подарок, во СДСМ врескаат до небеса. Еден болгарски виц вели: “К’сно е вече синко, рајбер’т е турен!”
Збор-два за избирачките списоци и легитимации! Со години повторувам (пак во својство на член или лидер на малечката, зборлеста Лига за демократија) дека избирачките списици не се ажурираат како што треба, дека во нив има умрени, отселени лица, дека во текот на изборите одненадеж исчезнуваат, а потем волшебно одново се појавуваат списоците за цели улици итн. итн. Никој, ама баш никој во СДСМ не ги чу нашите апели. Истото го зборувавме и за изборните легитимации: тие не би биле валидно средство за идентификација ни во Феријалниот сојуз. Документ за идентификација без фотографија постоел - но во 19 век! Во овој век и на овој простор таква легитимација е само инструмент за фалсификување на изборите. Но, тие избирачки списоци и тие легитимации (исто како и сега!) свршија работа: со нив СДСМ стана практично единствената владејачка партија 1994 година.
Само, оние “ем мангупчиња , ем ВМРО-вчиња” многу бргу учеа (и научија сî што треба!) од СДСМ-овците. И?
Па (како што велат на ЕПП), дојдете во Лигата за демократија да ви кажеме што да се прави и да се договориме за акција! Трето нема! И, да не речете после, дека не сум ви рекол! Притоа, без оглед на шегобијниот тон, ова најсериозно го мислам!
Ѓорѓи Марјановиќ
РАЗУМОТ, ТОА СУМ ЈАС!
Многумина од оние што ме познаваат, што ме среќаваат на Водно или на концерти, од оние што ме читаат, деновиве ме прашуваат: “За кого да гласаме?” Ние во Лигата за демократија и овој пат решивме никого да не поддржуваме, но никому и не му забрануваме да мисли со своја глава и да се определи. Важно е да излезе и да гласа! Така правам и јас: ако некој смета дека со овие редови поддржувам некого, тоа е негов проблем. Јас само сакам да проговорам за тоа како лично ги доживувам двајцата кандидати.
Првин за г. Тито Петковски! Треба ли да кажам дека човеков не го сметам за виновен што го крстиле според Св. Јосип Презадолжениот, како што, впрочем, ни неговиот противкандидат нема вина што го носи името на бугарскиот цар Борис (Бог да го прости!). Мојот однос спрема победникот од првиот круг би требало да биде јасен: јас на времето го тужев овој џентлмен, исто како неодамна д-р Васил Тупурковски. Само, не за некаква провизија, туку за пропуштање во “случајот Џафери”! Ако се има предвид фактот дека не пропуштам прилика за “другарот Тито” и за неговото партиско јато да кажам по некој саркастичен збор (како потсетување на добрите стари времиња кога тие палеа и гасеа по жална Македонија), човек би рекол дека јас секако ќе гласам за безгрешниот отец Борис (и тоа, макар и меѓу редовите, им го препорачувам и на другите). Работите сепак не се толку едноставни!
Мојата јавна кривична пријава против г. Тито воопшто не беше шега (како ни таа против Циле, впрочем) и тој тоа добро го разбра. Резултатот е познат: два дена по кривичната пријава тој го постави на дневен ред и го реши прашањето за коешто беше тужен. А прашањето, да потсетам, гласеше: зошто, г. Петковски (во својство на претседател на Собранието на Македонија), спротивно на Уставот и законите, дозволува пратеникот Џафери да си игра (Кумановци би рекле) “дрн-дупка” со парламентот - прима плата а демонстративно отсуствува од седниците!
Во една друга пригода ненајавен го посетив именуваниов господин во неговиот кабинет во Сабранието за да поразговарам со него за некои идеи што ми паднаа на ум во врска со грбот на Македонија. Ми остави впечаток што г. Петковски при моето влегување учтиво стана, појде накај мене и ме поздрави на средината од пространиот кабинет. Кога му кажав за поводот на мојата посета, меѓутоа, призна дека тој во комисијата за грбот е само политичка фигура, а дека за моите идеи треба да поразговарам со сликарот Димитар Кондовски (што јас и го сторив; патем речено, тоа ми беше и последната средба со Кондовски пред неговата смрт!).
Конечно, во една трета пригода на г. Петковски, пак во истото својство на претседател на Собранието, му се обратив со писмо во врска со едно чудо редакциски грешки што ги открив во штотуку објавениот Кривичен законик и побарав од него да се направат потребните исправки. Не мина многу време, а од него добив учтиво писмо во кое ми благодари за укажувањето и ме известува дека грешките се толку бројни што за нив сепак треба да расправа законодавно-правната комисија на Собранието, на која í го проследил моето писание.
Ете, тоа се моите искуства со г. Петковски. Тој може и да не ве сака, но тоа никогаш нема да го покаже, а, што е особено важно, нема да дозволи тие негови чувства да се одразат врз службената работа.
Пречесниот отец Борис го познавам уште поповршно од г. Петковски. Иако дипломирал на нашиот факултет, јас на него се сеќавам само како на физиономија. Имам документација за тоа како минал (ги чувам сите испитни извештаи за кандидатите и оценките што ги добиле), но не сакав да проверувам кога полагал и што добил од мене. Тоа во случајов не е ни важно! Од тие дамнешни времиња наваму со него сум се сретнал сî на сî два пати. Еднаш, пред ланските избори, кога неговата партија сî уште беше вонпарламентарна опозиција, налетав на него на пазарчето во Ченто. Се сепнав кога чув како тој мене (неговиот некогашен професор!) ме ословува на ти (да признам: јас сум нездраво чувствителен на формата). Сепак, ова не му го зедов за зло (или барем не долго време): наскоро една убава Светле, што многу си ја сакам, ми кажа дека тој бил “Божји човек” (свештеник) и тоа на некакваси протестантска ли, лутеранска ли црква (веќе не се сеќавам). Тоа мене воопшто не ми пречеше. Напротив, веднаш почувствував симпатија за “пречесниот отец Борис”. Знаев дека во тие релативно нови цркви понекогаш владеат други правила на поведение и дека неговиот начин на ословување (на ти) можеби и е обврска за нив и му го простив она што инаку тешко го проштевам.
Не му простив, меѓутоа, кога во еден момент посакав да разговарам со него за некакви правно-процедурални прашања во врска со постапката во која бевме примени во ООН како безимена држава, на која (додека не си го реши спорот со Грција, а тоа ќе се случи на куково лето!) сите ќе í се обраќаат со евокативниот акроним “FYROM”, а тој никогаш не најде време да се види и да поразговара со мене. А не му простив не затоа што сум пречувствителен на формата (иако еден некогашен студент мора да најде време за разговор на вака важна тема со својот професор!), туку затоа што неговото пропуштање ми се виде крајно непрофесионално. Неговиот противник на изборите така никогаш не би постапил. Повеќе од сигурно! Момчево уште не седнало на нешто поважна државна фотелја, а веќе се однесува толку несмасно големџиски.
Неговата предизборна кампања не е ништо помалу несмасна. Го гледам на фотографии по весниците: слуша химна небаре е американски претседател - со десната рака театрално положена врз срцето (!?). Така кај нас химната на Македонија ја слуша само уште сопругата на премиерот! Или со тоа г. Трајковски ни навестува некои нови времиња и нови процедури! Од друга страна, се крсти во традицијата! А традицијата во Македонија налага химната да се отслуша простум, да не речам во став мирно! Му го гледам предизборното проспектче! Да му се смачи на човека! Де верувал во љубовта, де во семејството, де во луѓето, де во младите (небаре тие не се луѓе!), де во пријателството, де во знаењето, де во искуството итн. итн. Човек доѓа во искушение да праша: има ли нешто на овој свет во што отец Борис не верува. И таман да си го поставите тоа малициозно прашање, кога Борис едноставно ве остава без здив “Верувам (вели) во совет, зашто со задоволство го давам”. Види мајката! Човек во негови години (и со неговото неискуство!), а веќе толку среќен што може да ве посоветува. Најдоброто сепак доаѓа на крајот кога до вчера анонимниот отец Борис ќе ви порача: “Верувам во разумот, затоа што верувам во себе!” Токму така! Речено со зборовите што му се поттураат на Луј XIV: “Разумот, тоа сум јас!”.
Овие несмасности човек уште би можел и да му ги прости! Но, како да му прости што е кандидат на партијата на власт што на најистурени места по нашите општини поставува повеќе или помалу осведочени...
(Ај, да не зборувам многу! Од Охрид добив писмо во кое некој ме предупредува да не тропотам премногу, зашто лесно сум можел да летнам од катедрата и да завршам на растоварање шлепери. Потпис: “Засега толку!”)
Ѓорѓи Марјановиќ
СИТНОТО, ДРОБНОТО…
Минатата недела на почетокот од испитот по кривично право, додека првите кандидати размислуваа за поставените прашања, јас прошетав меѓу “публиката” и во еден момент го забележав мојот учебник, во “фотокопирана верзија” и - веднаш го конфискував! Фотокопирањето туѓа книга е кривично дело повреда на авторското право и јас секогаш му оставам на фалсификаторот “да избира” помеѓу мојата конфискација и пријавата до јавниот обвинител (казната за реченото кривично дело е парична или затвор до една година). Сите, за чудо, ја жртвуваат фотокопијата и се определуваат за мојата “приватна конфискација”. Ова го правам со чиста совест зашто при објавувањето на учебникот не ме мрзеше посебно да укажам на овој факт: во лесно забележливо “антрфиле” јасно и гласно стои дека фотокопирањето или друг вид репродуцирање се казнува според чл.157 ст.1 КЗ!
Инцидентов ми даде идеја да ги прашам присутните кое е најчесто извршуваното кривично дело фалсификување кај нас. Кандидатите не знаеја или не можеа да се сетат, но затоа пак сопственикот на конфискуваната книга рече: “Фалсификувањето регистарски таблички!” Сите погледнаа изненадено кон него, јас не помалу. Не можев да се воздржам да не претпоставам (јавно) дека тој мора да е полицаец. И навистина беше!
Овој ситен настан ме потсети на писмото (објавено дури во две различни публикации) на некој читател од Битола, со кое, загрижен за едно секојдневно беззаконие на великодостојниците на благонадежната ни партија на власт, со сиот респект спрема мене и мојата партија (сполај му!), јавно ме повикува да реагирам на гафот со лавчето залепено на нивните автомобилски таблички. Секој ден, имено, среќаваме возила на воспалени ВМРО-вци, кои залепиле посебна налепница на местото каде што, по налог на Уставниот суд на Македонија, тогашниот министер за внатрешни работи, г. Данаилов-Фрчковски, генијално се досети да се повторат на кирилица (?!) латиничните букви од регистрацијата.
Ова “генијално” звучи (и треба да звучи) по малу саркастично, зашто уште пред да се дизајнираат новите таблички, еден читател од Берово ли, од Пехчево ли, предлагаше да се користат само буквите што ги има и во латиничното и во кириличното писмо (како што тоа денес го прави Болгарија, на пример), а квадратчето “за кириличните букви” можеше да биде резервирано за грбот на Македонија (па и за лавчето, доколку конечно решиме да си го вратиме како службен стариот земски грб на Македонија). Само, кај се видело еден министер за внатрешни работи да послуша совет на некојси таму Беровчанец или Пехчевчанец (чувај Боже!). И така добивме регистарски таблички од кои се поглупави само уште италијанските (во кои крупните букви на градовите уште еднаш, со истото писмо, се повторуваат како ситни!?).
Ова со лавчето, патем речено, не е единствената интервенција што се прави во регистарските таблички. Еден ден во мојата населба налетав на луксузна црвена кола (оние од над 100.000 марки) со прекрасно дизајнирана табличка: беше како оригинална, но барем два пати помала по обем. Го прашав момчето што ја возеше колата што треба да значи таа табличка, а тој најискрено одговори дека оригиналната била преголема и грдо стоела врз колата, па нарачал да му направат ваква.
Од време на време во Скопје може да се налета на коли на кои напред или назад, наместо нормална, стои табличка со името или прекарот на сопственикот (Шишко, Лисец, ако добро се сеќавам). Најчест случај е, меѓутоа, украдените, загубените или одземените таблички да се заменат со таблички од своерачно производство: на некакво тенекивче или на парче картон сопственикот (повеќе или помалу вешто) ќе си го напише регистарскиот број и - еве ти регистарска табличка!
Да не зборувам посебно за регистарските таблички врз кои сопствениците не ги залепиле кириличните букви, туку и натаму возат со првобитниот симбол (ловоров венец со кратенката “РМ” во средината).
Како што може да види и мојот битолски симпатизер, појавата е буквално масовна, а спротивна на Кривичниот законик, само тоа не е моја грижа, ниту грижа на Лигата за демократија, туку на власта. Од примерот на почетокот од овој текст, е јасно како бел ден дека полицијата знае за тоа неброено често фалсификување и - не презема ништо. Претпоставувам дека резонира вака: ако некој јавно се пофали дека добил провизија од четириесет милиони марки, а подарокот не го пријавил и на него не платил данок (што е кривично дело, да повторам!), кој има образ да казнува за вакви багателни фалсификати (уште инспирирани од патриотизам!). И така, ако органите за прогон мора да ги толерираат престапите на крупните риби, нормално е да се прават недоветни кога се работи за масовните престапи на ситните. Во тоа можеби уште и има некаква правда, но никако не и она што е амбиција на Уставот на Република Македонија: земјата да биде правна држава, како Германија, Франција, Швајцарија…
Секогаш ме изненадувало, зошто вака се однесуваме во ситни нешта. Во сите други, значајни (понекогаш повеќе или помалу драматични) ситуации умееме да го изненадиме светот со својата прибраност: ете, никој не заборава дека Македонија е единствената република што се отцепи од матицата без капка крв, без еден единствен истрел. После дојде атентатот врз Претседателот на републиката: државата ни за момент не престана да функционира, небаре ништо драматично не се случило. На изборите од 1994 година превапсаните комунисти победија само благодарение на тоа што ороспијата од Вавилон реши да им ја признае кражбата. На минатите избори беше поинаку (иако не знам зошто) и македонскиот народ, небаре најмалу двесте години живеел во демократија, им даде отказ на дотогашните властодршци. Ним, од своја страна, не им падна на памет да го следат светлиот пример на северниот сосед и да се обидат да í ја одземат победата на опозицијата. Напротив, небаре сме Шведска, Данска или Норвешка, тие му честитаа противникот уште пред да се објават официјалните резултати.
На последниве (претседателски) избори се повтори Англија: фино, тивко, мирно (и по малу крволочно!) народот реши да ги казни новите ВМРО-вски властодршци за лошото управување со земјата во првите десет месеци од мандатот: докажаниот автор на “бугарските летоци” води со изненадувачки висока предност!
По сî што се случи минатата недела уште и би се согласил со др Цуцуловски дека македонскиот народ заслужува подобра власт од оваа што ја има: ете, истиот тој народ свесно реши да го жртвува својот национален интерес (економскиот прогрес!) за доброто на интернационалниот - кога од предизборниот проспект на др Васил Тупурковски дозна дека тој предавал на 60 универзитети, народот без двоумење (иако со тешко срце!) реши да не го избира за шеф на државата за да може и натаму да ја сее македонската наука по белосветските универзитети.
Ѓорѓи Марјановиќ
БОЕМИ ОД НАШИОТ СОКАК
Откако, на времето, некој беше направил гала синемаскоп филм со “осовременета” верзија на “Кармен”, настана вистинска манија на евтино “модернизирање” на оперите со пренесување на нивното дејствие во сегашнината. Така, едно време, по земјотресот, во Скопје “Травијата” од Верди се играше во нашите денови. Да беше претставата како што треба, ова веројатно немаше премногу да ми пречи. Последното “чудо невидено” од ваков вид,на кое присуствував минатата среда, е обновената опера “Боеми” од Ѓакомо Пучини.
Да признам, на претставата не отидов од љубопитство како операва ја обновил (и подновил) болгарскиот гостин Стојан Стојанов Ганчев, туку за да дадам свој придонес кон добротворната акција за прибирање средства потребни за лекување на тешко заболениот бас Војкан Јовановиќ. Состојбата на Војкан (младо момче од 25-26 години со шаљапиновски длабок, моќен глас, инаку, голема надеж на скопската опера) е драматична! За лекување биле потребни некакви скапи инјекции од странство, а државата пари нема па нема (освен за претседателските кандидати, за македонските Фаусти и за просветителските филмски проекти на министерот за култура). Болниот никако не е во состојба самиот да ги плати тие инјекции, па неколку добронамерни девојчиња од ДНЕВНИК решиле на своја рака да почнат акција да му помогнат на несреќното момче! Претставата беше најавена како “ексклузивна оперска вечер во МНТ”, а изведбата, наводно, ќе ја следеле “високи државни и партиски функционери”. Шуќур! Да ги видиме и во улога на практични добротвори!
Само, ништо од сето тоа! Се виде уште при влегувањето во театарот: “изеде ме змија” (би рекле Кумановци) кога видов сурија тинејџери и цени на билети пониски од оние по скопските кина (по 150 денари!). Внатре, прекрасна глетка: салонот на МНТ полн со “џагураана”, што секако би била благодарна публика за “Златното славејче”, но никако не и за “една од тешките опери”, каква што е “Боеми”. Од “високите државни и партиски функционери” ни трага (освен ако некој видовит човек не можел да ги препознае меѓу вревливите скопски средношколци: еден ден барем некој од нив секако ќе биде висок државен и партиски раководител).
Кревањето на завесата и појавата на диригентот беа дочекани со урнебесна веселба, ракоплескање и врескање. На децата очигледно никој не им кажал што е тоа опера и какво треба да биде нивното однесување во неа (грижа на министерот за образование е да најде оџи и попови што ќе ги благословуваат учениците; догодина, со Божја помош, ќе фати и да ги вероподучува; а за нивното воспитание - нека му ја мислат родителите!). Ние (во осми ред!) не можевме да чуеме речиси ништо од она што се пееше на сцената. Кутриот Родолфо мораше да ја прекине претставата, та да фати буквално да ги моли учениците (и нивните учители, што никаде ги немаше) да разберат оти се работи за претстава со посебна цел, што ја играат во корист на свој тешко болен колега, оптоварени со мислата за неговата зла судба. Младиот човек ги преколнуваше децата да им допуштат на пејачите чесно да го довршат започнатото. Овој драматичен апел даде плод: верно, не настапи мртва тишина, ама барем стивнаа навивачките страсти. На првата пауза младината (нашата иднина!), се разбега на сите страни, па, до крајот на претставата имавме горе-долу вообичаена оперска атмосфера.
Инаку, сî ми се чини дека народ, каков што е македонскиот, кој во “србо-комунистичка СФРЈ” (да се послужам со новоговорот на благонадежните ни денешни управители), ги собираше сите позначајни сојузни театарски награди (за режија, драматургија итн. итн.), паднал на мошне ниски театарски гранки, кога мора да увезува режисери и сценографи од калибарот на овој што ја обновувал “Боеми”. За љубопитните, кои, евентуално, ќе сакаат да го видат ова чудо-невидено, ќе кажам дека дејствието на операва (за прв пат изведена пред повеќе од еден век, во 1896 година!) “се случува во Париз, во денешно време”. Зборовите “чудо-невидено” (погоре!) намерно не ги ставам под наводници, зашто од чин во чин на сцената се множат работи што обичната памет не може да ги објасни поинаку, освен како чуда (или барем како чудни, да не речам “недугави”)!
Во првиот чин, на пример, современата Мими (во заднината на сцената се гледа парискиот ТВ-предавател и малу подискривената Ајфелова кула) тропа на вратата од Родолфо со молба да ја запали свеќата (?!) што í згаснала на скалите. Што се случило тоа со “Париз, во денешно време” та луѓето, наместо со електрика, да живеат во светлината на свеќи, останува мистерија чијшто клуч го има само нашиот болгарски гостин (режисер и сценограф). На вториот чин човек одвај да може да му најде мана: модерните ороспии се позабележливи од некогашните - облечени во куси ѓоа-кожни здолништа, или со црвено или сино вапсани коси, нивните редовни муштерии - војниците - носат маскирни униформи, а, за да биде јасно дека сî се случува во “денешно време” во еден момент на сцената ќе се појави и некаква француска крнтија од автомобил со регистрација на Пула (!?) од србо-комунистичко време. Како втасал тој пулски крш “во Париз, во денешно време” исто така останува мистерија што може да ја разјасни само режисерот-гостин.
Сум бил неколку пати во француската престолнина, но никаде не сум видел железна порта на неговиот влез што некој мрзлив службеник мора да ви ја отклуча за да влезете во градот (има само наплатни рампи на автопатиштата, но и тие се без луѓе: автоматизирани).Нормален човек не може да помисли дека денес десетмилионскиот Париз се снабдува со млеко преку млекарки, кои, во мугрите, доаѓаат со канти што ги паметам од времето кога бев дете во Куманово пред половина век! Во четвртиот чин (пролет!) жените седат на сонце и озборуваат, девојчињата играат нешто што ние во Куманово на времето го викавме “кленѕа-војска” (а Скопјани србизирано - “школица”), лудите млади по кошули и со засукани ракави возат велосипеди и ги исмеваат луѓето од високата класа (аристократијата) борејќи се на рицарски турнири со метли в раце, седнати на велосипеди. Во сево ова не би имало ништо особено чудно да не се одвива сценава на една бедна париска масанда (!?), “небу под облаке” (би рекле Србите) ! Едно, меѓутоа, е несомнено: нашите денешни млади луди пееја многу, многу подобро од старите асови на минатото, што сум имал прилика да ги слушам. А тоа е и повеќе од утешно!
Ете, така мина “ексклузивна оперска вечер во МНТ”. Колку средства беа собрани, останува да се види. Многу ми е страв нашиот болен Војкан да не добие помош како Мими на сцената: таа има туберкулоза, а лудите млади, со парите што ги присобрале, успеваат да í купат само еден муф (!?) за да си ги стопли рацете ! Треба некој да им се обрати на нашите богати луѓе да помогнат во неволјата на Војкан Јовановиќ! Му го должиме тоа на ова несреќно момче зашто не еднаш ни го разубави животот со својата песна. Дај Боже овие редови да ги прочита и некој од тие што можат и сакаат да помогнат!

ПОМЕЃУ ЗМИЈАТА И МАГАРЕТО
Едно младо, педантно докторче по меѓународно јавно право (др Игор Јанев) пред повеќе од една година беше “открило” еден преседан на Меѓународниот суд на правдата, според кој, на една држава што бара прием во членство на Обединетите нации не смеат да í се поставуваат никакви други услови, надвор од оние што таксативно се наброени во член 4 од Повелбата на ООН. На времето на ова, за големо чудо, “не се сетиле” (!?) ниту бирократите на Обединетите Нации, ниту неискусната дипломатијата на македонска држава.
Момчево (за чиешто “откритие” и јас веќе еднаш пишував на ова место) во нашиот печат објави повеќе статии, даде повеќе интервјуа. Се измори, кутрото, објаснувајќи ја едноставната постапка што мора да поведе за да се избори одлука на Меѓународниот суд на правдата дека Република Македонија, при нејзиниот прием во ООН, е онеправдана на најгрд можен начин: обезличена со тоа што наместо под уставното име е примена под референцата “FYROM” и, згора на тоа, уште задолжена за сопственото име да мора да преговара со оној што најлуто се противи таа да се нарекува Македонија - со Република Грција! За чудо, едноставната вистина на др Јанев не допира до никого во оваа земја!
Откако дознав дека Претседателот на републиката знае за “откритието” на младиот научник, воопшто не ме мрзеше да побарам прием кај него и да го прашам зошто не презема ништо. Ми одговори, но не презеде ништо. Во една пригода потоа (во “престижната Уранија”, седалото на алтернативната демократија) налетав на министерот за надворешни работи, мојот, инаку, многу фален одликаш (на времето му бев дал десетка: испитот беше усмен и јас не можев ни да сонувам дека писменоста му е онаква каква што тој самиот í го откри на македонската јавност во ДНЕВНИК (преку “писмото” против г. Данаилов-Фрчковски, ако не се лажам): не само што знаеше за идеите на др Јанев, туку наводно беше наполно согласен со нив, со тоа што рече дека тука сепак ништо не може да се стори зашто Македонија “се согласила” на тие услови. Немав време да го прашам дали би имала некакво правно дејство неговата согласност да ми биде роб или дури неговото преколнување да му го скратам животецот. Нејсе! Кога видов дека со алтернативно-демократските министри нема разумен муабет на оваа тема, решив да се обидам преку неговиот заменик и мој некогашен студент Борис Трајковски да влијаам врз премиерот, тој да го задолжи министерот да се заложи за македонската кауза пред Генерално собрание на ООН.
На свадбата на еден мој драг студент (и - за разлика од татко му - пламенен борец за малцинските права на Македонците во Бугарија!) случајно налетав на г. Трајковски и му реков дека би сакал да поразговараме, а му кажав и во врска со што. Прелогот го прифати без особено задоволство, а јас, со оглед на неговата презафатеност оставив самиот да определи кога ќе се видиме.
Дојде и помина септемвриското Генерално Собрание на ООН, г. Борис Трајковски не ме побара, а Македонија (во која тој толку цврсто верува) ќе мора да чека до не знам кое идно Генерално собрание. Деновиве (по мојот фамозен разговор на А1 Телевизијата со г-ца Оливера Трајковска) добив абер преку трето лице (!?) дека претседателскиот кандидат на благонадежната ни партија со трофејно име сакал да поразговара со мене. Ми текна во што би можело да биде работата: во тој разговор реков, меѓу другото, дека ми се чини оти владејачката партија, излегувајќи на избори со едно речиси непознато лице (без биографија!), како да сака да ги загуби. Веројатно, тоа го погодило човекот! “Третото лице” се согласи со мојата претпоставка, а, јас (тактичен, како што ме дал Господ) реков дека кога јас сакав да поразговарам со тој џентлмен (и тоа не за лична, туку за македонска работа), тој не покажа никаков интерес. Сега јас не гледам причина за разговор: што очекува г. Трајковски од него - да му се збогати биографијата? “Третото лице” само се насмеа и ништо не одговори.
Претходната власт, притисната од меѓународната заедница, го жртвуваше уставното име на земјата од незнаење: ако Европската заедница во Лисабон можеше да ја изгласа онаа глупава резолуција со која ни забранува да го користиме вековното име, како можеше да се очекува некој во Македонија и да помисли дека тие господа таму, што на цел свет му држат лекции што е тоа демократија, а што правна држава, практично немаат абер ни од едното ни од другото. Дека немаа абер од правна држава се виде кога решија да ги погазат решенијата на Бадинтеровата комисија (што самите ја создадоа за да им помогне со своето познавање на меѓународното право). Дека немаа абер од демократија се виде уште подрастично кога со бомби загадија половина од планетата Земја, настојувајќи да соборат еден човек, кој (колку и да ни е несимпатичен), сепак - мора да се признае! - легално беше избран на функцијата “претседател на републиката”.
На сегашнава власт (благонадежна, како што ја дал Господ!) името на државата и е очигледно последната грижа. Како и нејзиниот углед! Како и нејзиниот грб! Како, инаку, да се разбере нејзиното поведение во врска со сево ова?
Затоа, на последниот состанок на Извршниот одбор на Лигата за демократија, разговарајќи за тоа како да постапиме пред претседателските избори и што да им кажеме на нашите членови и симпатизери, на крајот сепак решивме да им препуштиме да гласаат според својата совест: во петте принципи на другарот Тито веруваме исто колку и во изјавите на другарот Васил! Првиот го паметиме по “намештаљката” позната како “бугарски летоци”, против вториот уште војуваме да докажеме дека го рекол она што го објави дневниот билтен на владејачката коалиција. Ако не е точно тоа што го рекол (дека парите од провизијата í ги подарил на државата да í се најдат за изградба на спортски сали, болници и филхармонии), не мора да признае дека излажал, нека каже дека било шега. Како Камбовски! Овој првин некаде (на службен состанок!) се мајтапел со хрватскиот претседател, а потем фати да се извинува и притоа заборави дека одамна веќе не е постдипломец на загрепскиот Правен факултет, туку македонски министер за правда. А се извинуваше на начин што ми ги обеспокои цревата во утробата! Поради другарот Андов политички ја расипавме калимерата со г. Гошев и излеговме од Демократската партија не сакајќи да бидеме во негово друштво: како да веруваме дека човекот што самиот призна оти учествувал во изборната кражба 1994 година, од 1999 година натаму ќе се грижи за редот во државата?).
Така остана само човекот без биографија! Него можевме да го препорачаме само на “жими мајка”, а тоа никој не го сакаше.
Некој притоа цитираше некаква духовита дама, што рекла дека на овие избори ќе се избира “помеѓу змијата и магарето”. Што ли требаше да значи ова? Американците избираат помеѓу слонот и магарето (симболи на Републиканската и Демократската партија). Зошто сега ние во Македонија “помеѓу змијата и магарето”? Не знам! Само ефектно е како наслов!

БАЛКАН БАВЧА
Еден адвокат од Охрид (мој некогашен студент) неодамна ми раскажа интересна приказна за некои туѓи и некои наши табиети. Името му го изоставам од разбирливи причини: раскажаното го дознал од некој клиент, а тоа, во принцип, е професионална тајна. Впрочем, ни во неговата приказна немаше никакви имиња. Расказот беше интересен како случај, како илустрација за тоа како функционира една вистинска правна држава, како пример за грижа чиновниците за интересите на државата, а со тоа и на заедницата (не на нашата, за жал). Еве што кажува неговата приказна!
Некој нашинец, триесетина години “на привремена работа во странство” (во Австрија), наеднаш купил или зел под закуп, сеедно, едно огромно куќиште, вистински замок, та решил со него да тера бизнис: да го претвори во хотел ли, што ли, ѓавол ќе го знае (на почетокот од приказната и не бев кој знае колку внимателен). Нашинецот викнал добра фирма да му го адаптира зданието за новите потреби и, како што може да се очекува (за добра пара!), работата сосема убаво напредувала. И туку, еден ден, види (сосема ненашинска!) беља: на инвеститорот (нашинецот) му тропнала на вратата некаква даночна инспекција. Вака и вака, велат, вие господине, според нашите информации последниве 30 години сте пријавувале данок на доход во износи што одвај можеле да ви обезбедат елементарна живеачака. Сега, меѓутоа, го купувате ова здание за толкав и толкав износ и уште во него инвестирате толкава и толкава пара. За секој елементарно писмен даночник е јасно дека помеѓу она што сте го пријавиле како заработено и она што денес го инвестирате постои огромна разлика. Вие или не сте ги пријавувале вашите реални приходи според законите на земјата (што е казнива дејност: затајување данок!) или имате приходи од странство за кои ние не знаеме. Само што ги споменале даночниците “приходите од странство”, а Итер Пејо се разбудил во нашинецот: “Во татковината имам, рекол, јаболкови плантажи, што годишно ми носат по десет илјади германски марки ли, американски долари ли” (ѓавол ќе го знае како, всушност, излажал). В ред, му рекле даночниците, според нашите закони, треба во рок од не знам колку дена да поднесете докази за тие приходи!
Нашинецот му се јавил на брата си во татковината (да не речам каде): вака и вака, брате, прави што ќе правиш, за толку и толку дена мора да имам службен документ дека таму долу имам јаболкови плантажи што ми носат по десет илјади германски марки ли, американски долари ли, годишно. Инаку, затвор не ми гине! И, како што вели народната - брат брата не рани, тешко на тој што го нема! Се стегнал братот пред нашите даночни служби та извадил уверение дека г. тој и тој, во општина таа и таа (Република Македонија), има плантажи под јаболкови насади што во периодот од таа и таа до таа и таа година му носеле просечен приход по десет илјади германски марки ли, американски долари ли. И сето тоа на службен мемурандум на општинската даночна управа, со потпис и печат на овластеното лице.
Понатаму, сé одело како подмачкано: на нашинецот не му било скапо да направи судски заверен превод на овој “документ”, да í го достави на надлежната даночна служба, а таа него да го симне од списокот на матните случаи. Притоа, Шваби како Шваби, се држеле за службениот македонски документ како пијан за плотот и воопшто не им текнало да се запрашаат: што мајка бара Македончево во Австрија кога има толку богати плантажи во татковината. А особено не им текнало: како тоа толку богат човек овдека триесет години да работи такви и такви бедно платени работи.
Нејсе! Швапска работа!
Прашањето што ми го постави мојот некогашен студент беше чисто “австриско” (а алудираше - или мене така ми се стори - на прикаската со тајванската провизија на Циле Национале): може ли нашите даночни органи, врз основа на оној фамозем “документ”, што завршил во австриските даночни архиви, да го задолжат “плантажерот” со толку и толку милиони денари неплатен данок и уште да му стегнат кривична пријава за затајување данок? Се разбира дека не може! Од простата причина што плантажите на нашинецот се исто толку вистински како и болниците, филхармонијата и спортските сали на претседателскиот кандидат! А таков е и “годишниот приход” на нашинецот во татковината: лесно проверлива лага (исто како и фамозната изјава на Циле: “Провизијата од Тајван ја подаривме на државата”, НОВА МАКЕДОНИЈА, 5 февруари 1999, стр. 4). Само, кој ќе ти проверува? Па тогаш?
Па тогаш, нашинецот и неговиот брат во Македонија се одговорни за поттикнување на кривично дело фалсификување службена исправа од чл. 361 ст. 1 КЗ (исто како и Арбен Џафери во случајот Османи-Демири, впрочем - да повторам по кој знае кој пат - зашто, кој знае, можеби на нашите јавни обвинители, по толку повторувања, конечно и ќе им текне за што ги плаќа оваа држава). Службеникот пак, што ја издал бараната “службена исправа”, може да очекува казна затвор од три месеци до пет години за стореното кривично дело! Се разбира, сево ова под услов Македонија да е правна држава, а не село без кучиња, во која не се знае кој пие, туку само - кој плаќа!
А сега, еве зошто наеднаш се сетив на оваа приказна! Пред некое време, младиот македонски премиер (со неколкумесечен работен стаж и неверојатно тенок личен доход), придружуван од најнадежниот кандидат за тронот на Охридската и Македонска архиепископија, присуствуваше на осветувањето на црквата што тој ја изградил не знам каде. Ктитор, демек (како Алексеј Комнен или Кралот Волкашин)! Гледајќи го осветувањето на МРТВ-ата, прво ми падна в очи дека младиот премиер прозаично се ракуваше со митрополитот Стефан, наместо да му баци рака, како што е ред во христијанската црква, за која толку се залага неговата благонадежна партија. И туку (чувствителен, како што ме дал Господ), ми се стегна срцето: што ќе се случи ако нашите даночни органи се запрашаат - од каде му на младиот војвода толкави пари, та да изгради цела една црква (макар колку и да е скромна по големина), па (како оние австриските) фатат да пресметуваат колкави приходи имал премиерот во првите девет месеци од својот работен век, колкави неговата сопруга и колкава е прозаичната (парична) вредност на новоосветената црква! Само, залудо се плашев: ако не им текна за Циле, има уште помалу шанси да им текне за премиерот и за неговите министри. Знам еден, на пример, даскал како мене (а десет години помлад): има и простран стан и огромна куќа во Скопје и куќа за одмор на падините од една вишна планина таму некаде на Југот и станче во Охрид и акции во ОТЕКС ли, ѓавол ќе го знае каде само не. Да му удри сега некој даночник сметка, од каде му е сето тоа со професорската плата (министерската, велат, била помала и од професорската). Само, кој да му удира сметки на човеков кога тој сам за себе тврди преку весниците (и во тоа мора да се верува: министер е!) дека е чесен човек! Ова не е ни Шведска (за премиерот Улоф Палме), ниту Австрија (за нашинецот). Ова е Балкан-бавча! И од тоа нема спас!

ДА ТИ ФАЛИ КАПА, ДА ТИ КУПУ!
Пред години (во Југославија!), по успешно завршениот испит, прашав еден кандидат што е по националност: момчето “сечеше” штипски, а имаше српско (црногорско?) презиме - Радосављевиќ. “Македонец!”, гласеше одговорот, за потем, очигледно изненаден од мојата љубопитност, и самиот да ме запраша: “Зошто ве интересира тоа?” Реков дека презимето Радосављевиќ не ми изгледа особено “македонско”. Уште се сеќавам на духовитиот одговор: “Исто колку и Марјановиќ!” Сетне сосема ретко се распрашував за националната припадност на кандидатот. Дотолку повеќе што тоа ниту има, ниту пак може да има врска со испитната материја.
Во една друга пригода (и од сосема поинакви причини!) го повторив ова прашање: кандидатот имаше мошне ретко име и презиме (турско? албанско?), а зборуваше на неверојатно чист македонски јазик, со оние прекрасни акцентски целини, за кои читаме само во граматиките, а ретко имаме прилика да ги чуеме (особено не ние во Скопје). “Турчин!”, гласеше одговорот. Тогаш се обидував да учам турски јазик и не можев да се воздржам да не се пофалам: “Ben de biraz Türkçe konušabilirim!”
Момчето зачудено ме погледна и рече дека не разбира што му велам. Како не разбира, се исчудував сега јас, зашто тоа што му го кажав беше речено на литературен турски јазик. “ Јас не знам турски!” ми одговори, небаре е најприродна работа да бидеш Турчин, а да не знаеш турски. Тоа како да ми даде право да го “пецнам” малу: “Е, убав Турчин сте ми вие?” Неколку години подоцна (веќе бевме во плурализмот) еден пријател ми пренесе дека некој мој поранешен студент се поплакувал во некаква радио емисија оти “професор Марјановиќ му ја негирал националната припадност на Турчин и го убедувал дека тој е, всушност, припадник на исламизираните Македонци”.
Тоа и беше и не беше точно: никому не сум му го негирал правото да си пише што се чувствува по националност, но веројатно не сум пропуштил да потсетам дека во Македонија отсекогаш се ставало знак на еднаквост помеѓу примањето на исламот и “потурчувањето”. За оној што од христијанска прешол во мохамеданска религија, барем кај нас, велиме “се потурчил”.
Србите дури имаат изрека што вели: “Гори потурица од турчина!” (“потурчениот е полош од Турчинот”). Ова, патем речено важи и за оние што преминале од една во друга нација. Бугарите, на пример, глава не може да кренат од “побугарчените” Македонци: “Од тех не може да се живее: те са наŸблагонадежните БÍлгари! Всички наŸважни места вÍв државата се вÍв техните рÍце. БÍлгарин од тех едноставно не може да прави кариера!”, му се поплакувал некој ас-Бугарин на еден мој колега на работа. Впрочем, ни Македонците во минатото (а ни денес) не видоа бел ден од сопствените национални изроди - ниеден роден Бугарин не бил причина за смртта на толку Македонци како, да речеме, Тодор Александров, ниеден денешен Бугарин не бил (и нема да биде) онака суров прогонител на ОМО “ИЛИНДЕН” од екс-обвинителот на Бугарија (однародениот Македонец) Татарчев. За домашните “необолгари” и да не зборуваме!
Понекогаш ќе си помислам дека и мојата тврда, нефлексибилна македонштина е потврда на српската изрека: помакедончениот е посерт од Македонецот! Само што ова на нашите тазе Болгари не можеш да им го протолкуваш: за нив, да се побугарчи Македонецот е најнормална (и најпожелна!) работа, а најперверзна - да се “помакедончи” некој Срби, Бугарин, Хрват или Чех. Тука веќе мора да ги замешала прстите Коминтерната! На ова Кумановци обично велат: “Да ти фали капа, да ти купу!” (и никогаш, апсолутно никогаш, не продолжуваат со она што им е на ум: “Да ти купу памет, не можу!”)
Приказната за мојот Турчин (што не знае турски) од Кичево ми дојде на ум деновиве, кога “најнационалната” влада на Македонија реши да им дозволи на дечињата од Дебарска жупа (што турски знаат онолку колку и секое нормално Македонче: “маса”, “џеб”, “пари”, “арно”, “ама” и уште мал милион турски зборови, кои “Речникот на македонскиот јазик” драпирано ги нарекува “архаизми”, наместо чесно да укаже на нивното турско потекло). Пред да го донесесе ова (најблаго речено) проблематично решение, владата требала да ги сослуша професорите по уставно право, а не природно-математичкиот научник што талка во лавиринтот на образованието. А во Уставот на Република Македонија јасно пишува дека “припадниците на националностите имаат право на настава на с в о ј о т ј а з и к во основното и средното образование. Во училиштата во кои образованието се одвива на јазикот на националноста, се изучува и македонскиот јазик.” (член 48 став 4)
Подвлечениот израз “својот јазик” очигледно е синоним за она што во секојдневниот јазик го нарекуваме “мајчин јазик”. Ова, од своја страна, е категорија што не е врзана за националното чувство на родителите, туку за јазикот што тие (заедно со децата) го зборуваат дома, а што е различен од македонскиот (оттаму е сосема логично и оправдано решението содржано во втората реченица од цитираниот член: за да не станат странци во сопствената држава, на малцинските деца мора да им се обезбеди и изучување на службениот јазик на земјата - македонскиот!).
Решението на владата наполно го запоставува фактот дека во оваа земја постојат луѓе што се декларираат како Турци, а чијшто мајчин јазик е македонскиот. Сите добронамерни Турци што пошле да ја посетат Дебарска Жупа се вратиле со непобитното сознание дека луѓето во тој крај зборуваат македонски, а се сметаат себеси за Турци. Емпириското утврдување на тој непобитен факт не е никаков “бирократски акт”, туку најелементарна форма на проверка на знаењата (тест!) на која се подложуваат децата за да се види каде и како ќе учат.
Не се сомневам дека и синчето на нашиот претседателски кандидат Циле Национале, при запишувањето на училиште во Америка (каде што живее и се школува) било тестирано за да се види колку го владее англискиот, но, исто така, колку владее и со другите предмети, за да се определи во кој клас да биде запишано. На нашиот претседателски кандидат ни на крај памет не му паѓа овој тест (и сите други тестови на кои се подложуваат американските ученици, ЅАТ, на пример) да ги нарече “бирократски акти” (!?). Зошто тоа го прави кога се во прашање дечињата од Дебарска Жупа, не ми е сосема јасно: ако мисли дека со тоа ќе “ќари” стотина-двесте гласови од нивните родители, нека помисли и на тоа колку истовремено ќе ги загуби среде македонското население, зашто тоа вакви “гегови” не проштева.
Ѓорѓи Марјановиќ
ЗА КОДОШИТЕ
Дојдоа, ете, и кодошите на ред! Се знаеше за нив отсекогаш, но, да ми кажеше некој дека во “матна и крвава Македонија” (оваа на Вардаров), за време на комунизмот, ги имало рамно 23.000, никогаш немаше да поверувам, да не посведочи за тоа еден асолен човек (Љубиша Георгиевски во својата книга “Претседателски кандидат”), а потоа и сите македонски информативни гласила. За мене во врска со ова “прашање” е посебно болно што без удбашки кодоши не била ни куќата во која од 1965 година наваму си го вадам “лебот мој насушен” - Правниот факултет во Скопје. Да ми кажуваше некој дека универзитетски професори, доктори на науки, со дебели докторати и уште подебели учебници, со по стотина научни трудови зад себе, биле најобични полициски тастери на комунистичката тајна полиција, кодоши на УДБА, никогаш немаше да поверувам, да не прочитав во весници. И тоа не деновиве кога “прашањево” се актуелизира, туку многу, многу одамна. А дознав вака некако!
Ми дојде еден ден во работниот кабинет на факултетот, сиот растреперен, еден колега, со кого инаку не одржував кој знае какви односи. Ако му речеш збор повеќе од “добар ден”, туку ќе ти се залепи како таксена марка и ќе фати, збор по збор, да те вовлекува во играта на сплетки, за која беше ненадмашен мајстор. Тоа и беше причината што се држев мошне “шведски” спрема него: “добро утро”, “добар ден” и - толку. Нешто сосема исклучително се беше случило, штом дојде да ме посети во кабинетот.
Вака и вака, вели, нашиот драг колега, министерот за внатрешни работи (да не речам кој) изјавил за ПУЛС (ми се чини) дека може да ги каже имињата на сите професори на Правниот факултет што биле тастери на Државната безбедност. Со тоа, според колегата, министерот тешко го нарушил угледот на нашата куќа, па, една група колеги решила да собере потписи и прашањето за неговата изјава да ја стави на дневен ред на Наставно-научниот совет. Поводот за неговата неочекувана посета, кратко и јасно: да сум потпишал и јас. Ладно одговорив дека прашањето за изјавата на министерот не е ниту наставно ниту научно прашање, та не е за пред Наставно-научниот совет. И, со нескриена иронија (алудирајќи на постапката во случајот “Марјановиќ” од осумдесеттите години) му предложив да си ја свикаат Основната организација на Сојузот на комунистите - Движење за Југославија, па на еден посебен состанок да дебатираат за идејните основи на изјавата на министерот.
Не ме мрзеше веднаш да му се јавам на министерот. Едно јавување, му велам: “До кога бе ти (да не речам кој), ќе правиш вакви глупости. И - му раскажав за посетата и акцијата на колегата/колегите.” Министерот во првата реченица на одговорот си го призна гревот: “Имате право, професоре, призна, згрешив!” Направи мала пауза, а потем, (и тој) со нескриена иронија додаде: “Не требаше да постапам така. Требаше да ги кажам имињата!”
За жал не ги кажа кога беше министер и кога мораше да му се верува. Сега и да ги каже ќе му стегнат приватна кривична тужба за клевета. Мината Нова година нашиот декан (следејќи ги непишаните, убави традиции во куќата) приреди ручек за “вработените” на Факултетот во едно фино ресторанче со име што ми асоцира на убавите (дамнешни) војнички времиња: “Кврга” или “Чврга” (не сум сигурен како точно се викаше). Јас дојдов со мало задоцнување и единственото слободно место беше до тој поранешен министер за внатрешни работи, со кого во меѓувреме (да ме убие човек не би можел да кажам зошто) имам доста студени односи. Во еден момент не се воздржав да му проговорам: “Е, мој (да не речам кој), да ги кажеше оној пат имињата на кодошите, сега владата, а можеби и парламентот, немаше да изгледа вака како што изгледа сега!” Екс-министерот ме погледна резигнирано и кратко одврати: “Ќе изгледаше, ќе изгледаше! Мислите дека тие што ја составуваа владата не знаеја кои се бившите кодоши? Сите ги знаат!” И - толку! Разговорот не го продолживме. Впрочем, на нашите новогодишни ручеци не се водат политички разговори, туку се игра, се пее и - добро се јаде.
Сега читам по весниците - ќе правеле Закон за досијеата (summa summarum - 700.000 страници архива! Машала! Кодошите свршиле голема работа!). Ми се јави една новинарка од ДНЕВНИК да ме праша што сум мислел за тоа да се уништат тие кодошлаци. Вреснав: “Никако!” И разврзав за тоа дека така не се прави во една правна држава (пак таа “правна држава”, обрни-заврти, туку ќе налеташ на неа). Ја зедов за пример Сојузна Република Германија и нејзините “neue Länder” (“нови земји”, така таму ги викаат сојузните држави што порано ја сочинуваа комунистичката ГДР). Имаше темелна истрага за сите незастарени случаи, па некои од кодошите завршија и пред суд. Во секој случај, ниеден од оние што биле тастери на Стаси (Staatssicherheit, пандан на нашата УДБА) не можеше да очекува улога во јавниот (политичкиот), а камоли државниот живот, што е уште една разлика меѓу нив и “правната држава” Македонија.
Инаку, реков дека не верувам оти кој и да е од нашите кодоши може да се плаши од кривичен прогон, зашто нивните (не)дела во меѓувреме секако застареле. Но, од јавен резил може и треба да се плаши! Или барем треба до крајот на животот да се плаши дека еден или друг ден може да пукне резилот и да се дознае за неговиот кодошлак!
Од друга страна, како човек што, на времето и самиот беше жртва на таква една кодошка сплетка, за која постои и Информација на Градскиот комитет на СКМ, потпишана од неговиот тогашен прв човек г. Петар Карајанов, когошто на времето, кога беше трет човек во Македонија, исто така неуспешно го тужев (за клевета!) пред нашето независно судство (в. за тоа во мојата сотија СТРУЧЕН ТРУД!), многу сум заинтересиран за судбината на моето (жртвено!) досие. Од овдека му порачувам на Павле Трајанов да не дозволи да го уништат (ако веќе не го сториле некои други порано): тоа се прилози за мојата ненапишана биографија, за моите ненапишани мемоари! Полицијата е мојата вечност!
Се плашам само пак да не ми пратат абер од СТАРТ дека Македонија е далеку, не само од Шведска, туку и од Германија.
Инаку, ни кодошите не се даваат лесно. Ги имаше тастери во сите општествени (па и оние подземните) слоеви. Затоа и не е чудо ако човек во некој професорски кабинет ќе налета на некој макро. Сега професорските кодоши се служат со уличарите за да ги пласираат во јавноста “фактите” од тајната информација на Градскиот комитет со сите најдолни човечки и идеолошки дисквалификации. Само, ако преживеавме тогаш, ќе преживееме и денес! Тоа е повеќе од сигурно! А како што е Господ, никој не е!
Ѓорѓи Марјановиќ
ДА СЕ ЧУДИВ БУДАЛЕ!
Моиве белешки на страниците од ДНЕВНИК полека но сигурно добиваат карактер на прилози за некакви идни мемоари што, повеќе од сигурно, никогаш нема да ги напишам: таков вид литература пишувааат важни луѓе, во кои јас не спаѓам. Згора на тоа, според некои несудени градоначалници, јас сум бил и роден губитник. Доказ: мојот последен пораз против Циле Национале (опеан во дар-мар поезијата на ДЕНЕС).
Сосема ќе личи на мене ако кажам дека отфрлањето на кривичната пријава на Лигата за демократија од страна на скопското јавно обвинителство го сметам (ева!) за целосен успех: ние уште кога ја пишувавме бевме сигурни дека таа пријава ќе биде одбиена! Некој ќе праша: “Тогаш, кој ѓавол сте ја пишувале?” Кумановци би одвратиле: “Да се чудив будале!” Но, бидејќи креатури на кои волку им сече умот има многу повеќе од оние што го разбраа нашиот наум, можеби не ќе биде излишно тој наум и да се објасни, иако тоа личи на толкување успешен виц!
Појдовна теза на нашиот кривично-правен експеримент беше дека Македонија е сто (светлосни) години далеку од правна држава. Овој поим, инаку, им е секојдневна водичка за испирање на устата и на Циле и на неговиот министер на правдата. Како да се докаже дека нашата теза држи вода? Просто, та попросто да не може да биде: во земји како нашата, дури и кога е јасно како бел ден дека е сторено кривично дело, ако сторителот е важна личност, делото останува неказнето! Законите важат за народот, не за неговите носоводители! Секој обид сторителот да се изведе пред суд војниците на партијата на поредокот го оценуваат како цуркузантство и со презрение го отфрлаат.
Последниве години Лигата за демократија и јас јавно посочивме барем два еклатантни докази за непостоење правна држава во Македонија: едниот беше “случајот Џафери”, другиот аферата со “тајванската провизија”!
Во Гостивар се случи тоа што се случи, а законот, не сакајќи по магарето, удри по самарот: гг. Османи и Демири добија строги казни затвор, иако човекот по чии директиви работеа и ги заработија тие казни (Арбен Џафери) јавно го призна давањето на директивите.
За оние што не знаат: да му дадете некому директива да ја убие својата драга тешта во кривичното право се вика “поттикнување”, а тоа (според чл. 23 ст. 1 КЗ) се казнува исто како и извршеното убиство. Неколку пати јавно, преку весници, го прозивав тогашниот Републички јавен обвинител (г. Стеван Павлески), да каже зошто не го гони поттикнувачот Џафери, кога поттикнатите веќе лежеа затвор. Приватниот (пријателски!) одговор беше: работата се истражувала! Се истражуваше, се истражуваше и (како што очекував) - никогаш не беше истражена. На крај (како што е Господ, никој не е!) г. Павлески, наместо благодарност што го спаси од затвор тетовскиот осаменик, доби клоца од местото прв обвинител на земјата. Смената на врвот од обвинителството, меѓутоа, во една правна држава нема никакво правно значење: кривичното дело на Арбен Џафери сé уште не е застарено (а не може да го спаси ни фамозната амнестија, таа се однесува само на пресудените случаи)! Но, не верувам дека г. Џиков ќе ја поправи грешката на г. Павлевски, без притоа да ја урне коалицијата (и, се разбира, себеси).
Потем дојде аферата со “тајванската провизија”: на Циле некако му се откачи, та во Кавадарци и во Штип кажа и повтори не само дека примил провизија, туку и колку (40.000.000 ДЕМ), а кажа и што сторил со тие силни пари: наводнп í ги подарил на државата. На владините средства за јавно информирање (како на електронските, така и на печатените) не им падна на памет да проверат во Министерството за финансии колку пари подарил Циле (а не подарил ништо!), но затоа побрзаа да í дадат голем публицитет на оваа изјава. Зашто, тоа мирисаше на промени: луѓето од старата власт, според Циле, примале провизија и си ја ставале в џеп, додека ние (алтернативните демократи!), “ние не ја зедовме, (туку) ја подаривме на државата”.
За голема жал на Циле & комп., старата латинска изрека “Verba volant, scripta manent” (“зборовите летаат, напишаното останува”) сé уште важи: неизбришлива трага од јавното признание на Циле остана запишана во органот на ССРНМ/ВМРО-ДПБНЕ под доста забележлив наслов “ПРОВИЗИЈАТА ОД ТАЈВАН ЈА ПОДАРИВМЕ НА ДРЖАВАТА” (НОВА МАКЕДОНИЈА, 5.02.1999, стр.4).
Овој напис и неговата содржина, верувале или не (сите освен некои дар-мар умови), не успеало да го забележи само скопското основно јавно обвинителство. Луѓето таму или не знаат да читаат македонски или имаат проблеми со видот. Во секој случај, оваа угледна установа уште само што не ја укори Лигата за демократија дека трапаво си ја врши работата: (1) требало веројатно да појдеме во Кавадарци и Штип и да откриеме кој стои зад иницијалите Н.Н. и С.Ј., со кои е потпишан текстот, па откако ќе ги откриеме новинарите, да им земеме судски заверени изјави дека Циле навистина го изјавил она што тие го напишале; (2) требало веројатно да му појдеме и на г. Слободан Чашуле (тогаш главен и одговорен уредник на НОВА МАКЕДОНИЈА), па и од него да земеме судски заверена изјава за тоа дали по објавувањето на оваа вест за дарежливоста на Алтернативата можеби дошол некаков демати со кој тврдат дека Циле верно така рекол, но не мислел така, па новинарите погрешно го разбрале; притоа Лигата за демократија секако требала да го распраша г. Чашуле и зошто не е објавен таков деманти; (3) Лигата за демократија потем веројатно требала да ги обиколи сите македонски ТВ студија (кое државни, кое приватни) за да ги пронајде лентите од кои уште еднаш ќе се види што рекол рекол претседателскиот кандидат.
Наместо тоа, Лигата за демократија сметаше дека тоа не е нејзина, туку работа на оние што државата ги плаќа да ги бркаат, фаќаат и изведуваат пред суд криминалците.
Посебно интересно (и симптоматично) е дека бесмртниот орган на ССРНМ/ВМРО-ДПБНЕ, кој со своето пишување ја замрси целава работа, не објави ниту збор за пријавата и за нејзината судбина. За овој весник немаше ни пријава, немаше ни отфрлање. За него го немаше дури ни неговото сопствено пишување.
Ова, се разбира, не е ништо ново: НОВА МАКЕДОНИЈА така се однесуваше и во далечната 1983 година, кога во Струга почна битката за слобода на говорот како предуслов за слобода на здружувањето и плуралистичката демократија. Ева! Премолчувањето не помогна (како ни научните докази на д-р Камбовски) : денес го имаме и едното и другото и третото! Идеите што узреале секако ќе се остварат. Така стојат работите и со идејата за правна држава. Пишувала за тоа НОВА МАКЕДОНИЈА или не, ако сакаме да влеземе во Европа ќе мора да станеме правна држава. Сé додека законите важат за едни, но не и за други, Европа нема да нé прими без оглед на тоа колку убави закони прави владата на хартија. Една англиска бароница (Кенеди) неодамна тоа сосема отворено ни го рече: “Не е важна буквата на законот, важно е што правите вие со тој закон!” Или така некако.

ЧОВЕКОТ ОД БАРДОВЦИ
Еден ден, сиот растреперен, ми се јави еден пријател од Гостивар за да ми порача да сум земел ДНЕВНИК, та да сум видел што ломотел, меѓу другото и за мене, некојси Србин Младеновски (инаку росно цвеќе на ВМРО-вската интелигенција, Болгарин по службена должност, а по милоста на мојот некогашен пријател Димитар Димитров, и директор на Националната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски). Не помина повеќе од недела-две, а еден друг пријател, сиот растреперен, ми се јави од Охрид за да ми порача да сум земел НОВА МАКЕДОНИЈА, та да сум видел што ломотел, меѓу другото и за мене, некојси … (в. напред).
Мене, инаку, никогаш не ме интересирало ниту што прави, ниту што пишува тој џентлмен, кого (без моја вина!) го познавам десетина години наназад. Притоа (срам да му е кој ќе помисли нешто грдо!), мене името Србин Младеновски (или Младен Србиновски, сеедно) веднаш, незапирливо и редовно, што ќе рече: секогаш, без исклучок, ми асоцира на душевната болница во Бардовци. И тоа токму - по негова вина!
Ќе почнам со ред! Беше тоа некаде во 1990 година, во мугрите на плурализмот! Во Домот на младите во Скопје имаше серија средби со новите политички партии и една вечер ни беше редот нам, од Лигата за демократија, да се претставиме. Зборувавме (како што е редот: јас, па потпретседателот, покојниот професор др Јован Пановски, па нашиот секретар Емил Анастасов). По обичај, не многу, за да има време и посетителите да ги постават своите понекогаш неповторливо инспиративни прашања, кога наеднаш некој нé праша во кои сé места имаме свои разграноци. Одговарајќи, фатив да набројувам: Скопје, па Куманово, па Прилеп, Струмица..., кога некој од публиката ми дофрли “Бардовци!” Погледав напорки накај дофрлувачот и веднаш му го запаметив ликот. (Подоцна, од него лично, ќе дознам дека се вика Србин Младеновски или Младен Србиновски, сеедно, во секој случај неверојатно симптоматично име за некој што во последно време - сé ми се чини по службена должност! - се обидува да изигрува бескрајно благонадежен Болгарин). Во одговорот на прашањето од провокаторот, успеав некако да ја прескокнам болницата за душевни болести. Тогаш и не знаев како се вика индивидуата, што (за сопствена евиденција) ја означив со шифрата “човекот од Бардовци”. Ете зошто, оттогаш наваму, секогаш кога ќе налетам на името Србин Младеновски (или Младен Србиновски, сеедно), прва асоцијација ми е токму Болницата за душевни болести во Бардовци.
Помина некое време по трибината во Домот на младите, кога, еден ден некој ми се јави по телефон за да ме праша дали не би сакал Лигата за демократија да се претстави со својата програма и во Гостивар. Реков дека тоа би било многу убаво, само што ние таму не познаваме практично никого. Човекот (што на почетокот од разговорот уредно се претстави, само што јас не му го запаметив името, а на крајот мене ми беше незгодно да го прашам како се вика) се нафати да обезбеди сала, да ни го јави терминот, па, доколку тој ни одговара, и да напише неколку плакати за да ја извести јавноста во Гостивар. Така и бидна...!
Да ми кажеше некој, немаше да поверувам дека љубезниот гостиварчанец, што ни обезбедува сала, што ни ги кани на трибината своите сограѓани преку плакати, што во точно определеното време нé пречека пред Домот на културата во Гостивар, не е никој друг, туку “човекот од Бардовци”. Моравме да се направиме на три и пол и да “не забележиме” кој е нашиот домаќин, но си разменивме мошне зачудени погледи.
“Човекот од Бардовци”, инаку, се понуди да нé претстави на своите сограѓани со неколку воведни зборови, што, во принцип, беше сосема нормално: тој практично беше организаторот на трибината, наш промотор! Воведот, меѓутоа, му беше убиствено отровна антикомунистичка тирада! Тешко да се најде човек што комунизмот може да го претстави поцрно одошто тоа го стори човекот од Бардовци. Затоа, на почетокот од моето излагање морав дури благо да се оградам од она што тој го зборуваше. Реков дека Лигата за демократија не е антикомунистичка партија “по вокација”, дека неа ја интересира иднината и доброто на македонскиот народ, а дека она што во изминатите четириесетина години го правеле комунистите им го оставаме на оние што професионално се занимаваат со минатото - на историчарите!
На враќање дома долго разговаравме за овој чуден феномен: да нé претставува човекот што при првата средба со Лигата за демократија се обиде да нé смести во душевна болница!
Подоцна нашиот гостиварски воведничар изгледа (Од Кај Што Треба!) добил нови инструкции и налози: да ја разобличи Лигата за демократија како друштво составено од сомнителни креатури. Во таа смисла напиша една отровна инвектива против нашиот потпретседател (сега веќе покојниот професор Пановски, Бог да го прости!), тврдејќи дека овој, во далечната 1947 или 1948 година, во својство на затворски лекар во Идризово, наводно мерел колку ќотек може да издржат политичките затвореници, па, поради таа улога, од милост го нарече “македонски доктор Менгеле”. Беше тоа одвратна клевета на сметка на еден чесен човек (кој ни рече: “Некои од тие политички затвореници се’ уште се живи, нека најде барем еден што ќе посведочи за ова тврдење!”) и ние не се стегавме веднаш да составиме кривична тужба против нашиот гостиварски промотор.
Како што очекувавме, тужбата беше одбиена по експресна постапка: според судот, тужениот постапувал во вршење на својата новинарска професија! Со тоа, судијата (една дама, сопруга на тогашниот - комунистички! - министер на правдата) тешко ја изврте смслата дури и на комунистичкиот кривичен закон. Таму, верно, беше (и се уште е) предвидена посебна основа за исклучување на противправноста, доколку делото било сторено “во вршење на новинарска професија”, но законот предвидуваше (и се уште предвидува) и нешто друго: од начинот на изразувањето да произлегува дека тоа не било сторено со намера за омаловажување. А изразот “македонски доктор Менгеле” ни со најбујна фантазија не можеше да се сфати како особено ласкав комплимент. Но, како и многу пати пред тоа (па и по тоа), се стори! Бидна според волјата на оние Од Кај Што Треба: госпоѓа Филимена (така се викаше судијата, што и ден-денес, ако не се лажам, дели правда) тоа или “случајно” не го беше забележала во законот или Од Кај Што Треба и’ порачале да не го забележи.
Денес, човекот од Бардовци самиот се претставува наоколу како човек што последнава деценија е оска околу која се врти Македонија (тој, македонскиот Гете, и’ удрил печат ), дека тој и е, ни повеќе ни помалу, судбината на Македонија. Што да ви раскажувам понатаму? (И треба ли да објаснувам зошто не сметам дека треба да се одговара на неговите изјави.)
Целово писание, меѓутоа, има една сосема друга смисла. Сакам, имено, да се согласам со една мисла на човекот од Бардовци од неговото “новомакедонско” интервју. Тој таму, за македонцките работи, рече (а јас тоа со двете раце го потпишувам): “Ние немаме морално право да очекуваме нешто убаво да ни се случи кога најдолни луѓе со човечки и професионални квалитети можат (…) да заземаат толку високи места.”
Со тоа сум наполно согласен, а тоа (ева!) и’ беше и и’ остана судбина на “матна и крвава Македонија”. И од тоа, изгледа, нема спас!
Ѓорѓи Марјановиќ
ЦИРКУЗАНТСТВО
Многумина што редовно ме читаа во средите ми се јавуваа (или при средби на улица ми се обраќаа) да ми кажат дека, наводно, многу им недостигале моите колумни во ДНЕВНИК. На сите по ред им ја раскажував (и сé уште им ја раскажувам) следнава приказна: го гледам еден ден вечерниот дневник на МРТВ-ата и што да видам - Циле Национале држи трибина во Домот на културата во Штип. Позната ми е салата. Таму и Лигата за демократија, на почетоците од плурализмот, се обиде да ги освои срцата на Штипјани. Во салата имаше стотина луѓе и воопшто не ми изгледаа многу загреани за идеите за правна држава по европски терк. Сега гледам во екранот и не можам да им верувам на очите: за Циле дошле стотици и стотици Штипјани. Се изнапикале и во пасажите меѓу блоковите. Ги има толку многу што “нема куде игла да падне” (што велат Кумановци). Народ желен за приказни од Далечниот Исток. Истиот момент решив да му откажам на ДНЕВНИК: нема смисла, не е човечки, да им го расипувам ќеифот на толку многу луѓе, што го голтаа секој Цилев збор.
Престанав со колумните и се фрлив на преведувањето на Пруст. Тој ми е стара љубов. На времето, кога исто толку непромислено војував против т.н. “вербален деликт” и кога сите ми велеа дека за таква работа некогаш се одело на еден романтичен јадрански остров, јас си мислев вака: Добро де! Да речеме дека денес не ми гинат 3-4 години! Управник на Идризово тогаш беше мојот пријател Цане Стојановски. Ќе го замолам да ми даде едно сопче во ‘вилата’ покрај Вардар, за три години ќе í го подарам на македонската литература големиот циклус на Пруст “Во потрага по загубеното време”(петнаесетина томови).
Арно ама, не даде Господ! Д-р Владо Камбовски, мојот ученик по кривично право и главен партиски “обвинител” во случајот Марјановиќ (сите тогаш се определуваа меѓу Марјановиќ и Камбовски и, се разбира, главно се определија за неговата велеученост, а против моето циркузантство; кој не верува нека ја прочита мојата сотија СТРУЧЕН ТРУД, па ќе се увери), стори сé што непогрешливата Партија бараше од него, но до затвор не втасав. И сé заврши со една партиска опомена, по која, јас демонстративно го напуштив СКМ. А се знае што бидува кога јас ќе излезам од некаде: сé пропаѓа зад мене. Се палат основни училишта (кумановското), се уриваат гимназии (Ј. Б. Тито, на местото на денешната Влада) и факултети (Правниот факултет на местото од големиот паркинг пред Хотел ГРАНД), судски бараки, касарни. Таа несреќа не можеше да ја одбегне ни СКЈ. Штом си излегов од него, тој се распадна, а со него и Југославија.
Неуспехот на моите партиски другари, меѓутоа, беше наедно и голема штета за македонската литература. Јас не отидов в затвор и Пруст остана непреведен. Е сега, кога видов дека иднината на македонскиот народ е во сигурни раце (Циле, Владо и Саво Климов, кој во меѓувреме стана “Климовски”, што никогаш не му го простив), решив да му се вратам на Пруст. Убаво напредувам со преводот, иако не сум многу сигурен дека ќе ми успее да го објавам (барем не на државен трошок): за парите во издавачката дејност треба да одлучи мојот некогашен пријател д-р Димитар Димитров со кремот на македонштината претставен во лицето на Србин Младеновски, човекот што на времето ја промовираше Лигата за демократија во Гостивар, а сетне, иако ич не му личи на името, одненадеж реши да се бугарчи (и Бога ми, со помош на д-р Димитров, а за доброто на мајка Б’лгарија, сосема убаво напредува). Туку, јас не се давам! Што сум намислил ќе биде (ако е Божја волја!). Имам доста пријатели, ќе собираме пари наоколу, па ако не дадат ѓоа-најМакедонците, ќе дадат некои продадени (небугарски) души! А Македонија Пруст ќе го има!
Арно ама, како што е Господ, никој не е! Мојот партиски миленик и наследник одненадеж реши дека на Македонија не í требала никаква Лига за демократија туку само и единствено ВМРО-ДПБНЕ и си даде оставка. А она малу луѓе што останаа од некогашната (и онака не многу голема Лига) запнаа де јас, па јас, да сум се врател на нејзиното чело. И така бидна! Да не беше значи Тортевски и неговата изјава дека една партија не можела да живее само од соопштенија јас немаше да се фатам на грдото оро што се нарекува политика или – со речникот на велеучениот колега Камбовски: “циркузантство”.
За чудо, мојот драг пријател (и добар правник!) Републичкиот јавен обвинител пријавата на Лигата за демократија воопшто не ја смета за циркузантска. Има изјава на Циле, објавена во НОВА МАКЕДОНИЈА, а во неа Циле, црно на бело, кажува: провизијата била нормална белосветска работа, а кога фатиле (со Тајванците) да разговараат за неа им дале тврда беса дека со 40-те милиони дојчмарки ќе изградат Филхармонија, болница и спортска сала. Тоа ќе било нивно донатортсво. Сетне ми кажуваа дека Оливера Трајковска, наводно, го прашувала министерот Саше Димитров чии имиња ќе ги носат донациите, па (ако луѓето добро се сеќаваат), според министерот, Филхармонијата ќе го носела името на Циле, Болницата на Вања од Палер, а спортската сала – неговото!
Циле ќе треба ова да го повтори пред јавниот обвинител, па ако тој сам (или заедно со другарите од ДА) ги зел парите, ќе мора да каже каде се тие 40 милиони дојчмарки, кога им ги пријавил на финансиските власти и колку пари данок платил за нив. Кога ќе го сврши тоа ќе може со чист образ да јуриша на претседателската фотелја. Јас јавно ветив дека ќе го целивам Циле што конечно ќе í подари зграда на Филхармонијата (иако таму никогаш не сум го видел, за разлика од Владо Камбовски кој пред еден концерт држеше некаква беседа за човековите права ли, за Обединетите нации ли, сега веќе не се сеќавам. Знам само дека во паузата на концертот веќе го снема.) и тоа ќе го сторам. Се разбира, ако не се буни!
Циле може да постапи и поинаку! Да каже дека споменатата негова изјава во НОВА МАКЕДОНИЈА е чиста мистификација, дека ја измислил некој недобронамерен новинар и дека тој никогаш не ветувал ни филхармонии, ни болници, ниту пак спортски сали. Се плашам само дека тогаш ќе демотивира многумина од оние што беа решени да гласаат за него токму поради вербата во овие измислени приказни.
А на следниот Извршен одбор на Лигата за демократија ќе предложам да напишеме писмо до Владата на Македонија да размисли за професионалната (и политичката!) подобност на министерот за правда за кого кривичното дело даночно затајување е чисто циркузантство!
Ѓорѓи Марјановиќ