Има две работи (освен водењето на Лигата за демократија!) што неуспешно се обидувам да ги решам последниве десетина и кусур години: првата - да ги убедам луѓето што ја имаа(т) власта дека на Македонија í одговара пропорционалниот изборен модел; втората - да ги убедам нашите министри за култура во потребата да му помогнат на BOGUMILENHAUS во Франфурт, првиот македонски музеј во странство.
Многу се мислев дали и по трет пат да се јавам, овој пат со напис до г. ЉуБчо Георгиевски од македонската ни патриотическа организација и просто да го прашам што ли може да биде причината 85-милионска Германија да има пропорционален изборен систем и да биде една изборна единица, додека 2-милионска Македонија (едно предградие на Минхен!) се дели на шест изборни единици. Конечно, по неуспесите со двата мои први обиди (едниот со мојот денешен добар пријател г. Петар Гошев, вториот со мојот денешен мошне драг душман г. Бранко Црвенковски), решив тоа да не го правам. Веројатно, како ни тогаш, нема да помогне. Едно е повеќе од сигурно - штетата што некој ќе си ја направи самиот на себеси секогаш е поголема од онаа за која неговите душмани воопшто би можеле и да сонуваат.
Што се однесува до втората несвршена работа, од неа не се откажувам. Ü пратив неколку абера на министерката за култура и (за чудо!) некаде во декември таа ми се јави и ми закажа службена средба. Разговаравме речиси час време и таа мошне сериозно вети да преземе некои практични чекори: првин да прати една екипа на МРТВ-ата за да направат репортажа за богатството на BOGUMILENHAUS, а сетне да направи и договор, според кој, Македонија би се грижела за одржувањето, уредувањето и презентирањето на неговите колекции, како и за отплаќањето на кредитите со кои е купена куќата и сето богатство во неа, со тоа што еден ден музејот би станал сопственост на македонската држава.
Сега за сега - ништо! МРТВ-ата “не била заинтересирана” за таков вид презентација (!?). Но, ако МРТВ-ата и не е, весникот за соработниците и пациентите на Клиниката на Гетеовиот Универзитет во Франкфурт на Мајна AKTUELL изгледа мошне заинтересиран. Во својот последен број тој објави напис под наслов: МУЗЕЈ НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА. Еве го (во мој превод) за потребите на читателите на ДНЕВНИК. Кој знае, можеби ќе му користи и на Министерството за култура.
*
Антрфиле: Некои соработници на Универзитетската клиника понекогаш имаат невообичаени интереси страсти. Еден од најфасцинантните проекти не само на клиниката, туку можеби и на цел Франфурт е “Богумилската куќа” на д-р Руле Стамена (уметничко име). Единствен музеј на македонската култура, што го изгради раководителката на Хромозомската лабораторија на Институтот за хумана генетика, од неодамна во пензија, заедно со својот во меѓувреме починат маж Најдо Петрушевски, попознат под уметничкото име Светокрил Бабунин.
Фасадата е незабележлива, типична франфуртска куќа во стил од крајот на 19 век. Па сепак, штом ќе се отвори вратата, пред посетителот се покажува фасцинантниот свет на македонската култура. Во нашата земја се знае малу за таа култура. Кому му е познато, на пример, дека македонскиот народ има културна историја стара преку 2000 години. Дека не само воинот Александар Велики доаѓа од Македонија, туку и мирољубивите Богумили, народно движење што во 10 век жестоко се кренале против лошите животни услови. Движење што себеси се сметаше за духовна обнова на македонскиот народ, чиишто идеи и ден-денес привлекуваат многумина Македонци.
ДУХОВНА ОБНОВА - Така и Светокрил Бабунин, кој на почетокот од 70-тите години дојде во Германија како “Gastarbeiter” мошне брзо се разви во “Geistarbeiter”(духовен работник), понесен од идејата да го спасува културното наследство на народот што во меѓувреме беше разделен во четири држави - Македонија, Албанија, Грција и Бугарија.
Госпоѓа д-р Руле Стамена го запозна својот маж 1978 година во Скопје, каде што работеше како детски лекар, а три месеци подоцна појде по него во Германија, каде што првин во Хајделберг работеше во Германскиот Центар за истражување на ракот. Во 1988 година таа конечно дојде на франкфуртската Универзитетска клиника. Кусо време пред тоа брачниот пар ја купи куќата во која сега е сместена оваа единствена збирка на македонски културни добра. Во приземјето е библиотеката со илјадници книги и ракописи, на трите ката и во зимската градина се поместени стотици слики - меѓу нив едно дело со големина од три на четири метри, што ја прикажува историјата на Македонија. Освен тоа, изложени се и со љубов подредени носии, накит и предмети за домашна употреба.
ФАСЦИНАНТНА ИСТОРИЈА - “Срцето” на куќата чука, меѓутоа, во визбата, што е уредена во стил на православна капела. Преку еден простран полукружен отвор се влегува, на пример, во кралскиот простор на македонската династија. Во средината виси портрет на кралот Филип, таткото на Александар, десно од него е синот, а на левата страна Филиповата жена, убавата Олимпија, што, според легендата, заедно со својот син, била замешана во смртта на Филип. Во една друга просторија висат фрески и икони, уште постари од оние од Италија - докумети на променливата македонска историја од дамнините до денес.
Во 4 век од новата ера Македонија, што Александар Велики ја направи светска сила, двесте години подоцна, ја покори римското царство и владееше 500 години со неа. Ова наследство, од своја страна, го презеде Византија. За време на преселбата на народите старото македонско население се претопи со разни други групи народи. Од ова произлезе нов народ, кој не само што прифати други култури, туку, од своја страна, разви и своја сопствена. Така, кирилското писмо, што и ден-денес се користи во поранешниот Советски сојуз и во југоисточна Европа е плод на двајца македонски учени, на чиишто скулптури човек исто така може да им се восхитува во BOGUMILENHAUS. И додека сî уште не беше окончана страдалничката историја на Македонците за време на турското владеење, “токму во тоа време настанаа најубавите народни песни, игри, бајки, преданија и носии”, вели д-р Стамена. Првата македонска република беше прогласена дури во 1903 и истата година поразена од страна на Турците. По Балканските војни од 1912 и 1913 година Македонија беше конечно поделена.
Музејот, за кој обајцата брачни другари 30 години неуморно ги собираа одделните предмети, сведочи за сите аспекти на оваа бргу менлива историја. Притоа, збирката во целост ја финансираа од сопствени средства, без јавна или државна помош. Во септември 2001 година госпога д-р Стамена отиде во пензија за да му се посвети конечно само на одржувањето и натамошното подредување на музејот: “Ова му го должам на мојот маж и на неговата голема идеја.” Во тој долг спаѓа и објавувањето на неговите песни пишувани на германски јазик.
Оној што се интересира за посета на музејот, може да му се јави на пресцентарот на Универзитетската клиника на телефон: 069/6301-7764.
*
Ете, така прават Германците. Верно, од време на време за слични појави се пишува и кај нас: ќе прекопаат “дивите копачи” некој вреден археолошки локалитет, ќе го уништат она што е вредно, а сетне по нашите “загрижени” медиуми некој ден ќе се проврти лелекањето за сторената штета и - толку! Јас за BOGUMILENHAUS лелекам одамна и без престан. Зашто не сакам тој да ја доживее судбината на многуте уништени сведоштва за македонскиот дух. Срцево ми плаче кога ќе помислам само на оние 100.000 ДМ што еден од поранешните министри ги потроши за еден пробугарски рецитал на Самуиловата тврдина. Што сî можеше да се стори со тие пари за уникатниот музеј на македонската култура во светот? Само, кому му е грижа за македонштината во оваа влада на чудесни промени?
Решение? Просто и едноставно: да добиеме чесна (македонска!) власт од типот на онаа за која се залага Лигата за демократија. Тогаш ни Најдо ни Стамена ни BOGUMILENHAUS нема да бидат заборавени. А ни многумина други, впрочем. Оние чијшто гласт власта се надева да го купи со грст евра. Но, од тоа нема бегање: “секој народ има власт каква што заслужува”. Ние, Македонците, не сме исклучок од овој железен закон на демократијата. Напротив!
Ѓорѓи Марјановиќ
Я Артур Борис, жыхар / грамадзянін Рэспублікі Расія. Мне 52 гады, прадпрымальнік / бізнесмен. У мяне калісьці былі складанасці з фінансаваннем майго праекта / бізнесу, калі не мой добры сябар, які пазнаёміў мяне са спадаром Бенджамінам Лі, каб атрымаць крэдыт у яго кампаніі на суму 250 000 долараў ЗША. Калі я звязаўся з імі, спатрэбілася ўсяго пяць рабочых дзён, каб зрабіць мой крэдытны працэс і перавесці на мой рахунак. Нават пры дрэннай крэдытнай гісторыі яны ўсё яшчэ прапануюць вам паслугу. Яны таксама прапануюць усе віды крэдытаў, такія як бізнес-крэдыты, крэдыты на жыллё, асабістыя крэдыты, крэдыты на аўтамабіль. Я не ведаю, як падзякаваць ім за тое, што яны зрабілі для мяне, але Бог узнагародзіць іх у залежнасці ад свайго багацця ў славе. Калі вам патрэбна тэрміновая матэрыяльная дапамога, звяжыцеся з імі сёння па электроннай пошце Lfdsloans@outlook.com WhatsApp інфармацыя ... + 1-989-394-3740
ReplyDelete